Музеј на играчки (Истанбул)
Истанбулскиот музеј на играчката (турски: İstanbul Oyuncak Müzesi) е мал музеј посветен на детски играчки. Музејот е сместен во областа Ѓозтепе, Истанбул, Турција. Музејот бил основан од страна на турскиот поет и романописец, Сунај Акин, во 2005 година. На 23 април, националниот празник на Турција, бил отворен и музејот во истата година. Во моментот во него се наоѓаат околу 4.000 играчки по потекло од Турција и странство. Голем дел од експонатите датираат од пред двесте години.
İstanbul Oyuncak Müzesi | |
Музејот на играчките | |
Основан | април 23, 2005 |
---|---|
Место | Ѓозтепе, Истанбул, Турција |
Координати | 40°58′33″N 29°04′15″E / 40.97593° СГШ; 29.07073° ИГД |
Тип | Музеј на играчки |
Фонд | 4000 играчки |
Сопственик | Сунај акин |
Јавен превоз | Автобус, воз |
Мреж. место | istanbuloyuncakmuzesi.com |
Надворешни врски
уреди- Официјално мрежно место Архивирано на 19 мај 2010 г.
- За музејот - allaboutturkey
- За музејот - thy
- За музејот - wheretogoinistanbul blogspot
- [1] Архивирано на 22 август 2009 г.