Музејски парк (Ротердам)
Музејскиот парк (холандски: Museumpark) - урбан парк во Ротердам, Холандија, сместен помеѓу Музејот Бојманс Фан Беунинген, Вестерсингел, Вестејдајк и комплексот М.Ц. Еразмус, медицински центар поврзан со Еразмовиот универзитет.
Музејски парк | |
---|---|
Музејскиот парк со Музејот Бојманс Фан Беунинген во позадина во 2007 година | |
Вид | Градски парк |
Место | Ротердам центар |
Создаден | 1927 |
Паркот лежи на поранешната земја на семејството Хобокен, кој живеел во зградата што сега е Природонаучниот музеј Ротердам. Паркот бил поставен во 1927 година според дизајнот на архитектот Витвитен. На јужната страна од езерцето во паркот е поставен споменик за Херит Јонг, директор за општински работи во Ротердам. Во паркот има неколку уметнички дела, така што служи и како градина за скулптури.
Постојат голем број музеи сместени во близина на паркот, па оттука и името: