Возрасни муди достигнуваат тежина од 8 до 13 кг. и висина од 38 до 47 см. Влакната му се средно брановидно кадрави и кратки на главата и нозете. Прифатливи бои за оваа раса на кучиња се: црна, пепелава, костенлива, бела, бледотемна. Мудите имаат релативно краток опаш. Ако кучето е родено со подолга опашка дозволено е купирање.
Муди е првенствено куче на природата кое има повеќе истакнати особини. Муди може да се користи како ловечко куче, против штетници (глодачи) и како чувар на стада, овчарско куче. Иако оваа раса е помалку позната и популарна од повеќе познатите раси Пули и Комондор во Унгарија оваа раса е многу на цена токму поради својата појава и универзалност.