Мртва природа со сламена шапка
Мртва природа со сламена шапка (холандски: Stillleben mit gelbem Strohhut) позната и како Мртва природа со жолта сламена шапка и Mртва природа со капа и луле ― слика од Винсент ван Гог кон крајот на ноември - средината на декември 1881 година[1] или можеби во 1885 година во гратчето Нунен.[2]
Творец | Винсент ван Гог |
---|---|
Година | ок. доцен ноември - средина на декември 1881-1885 |
Вид | масло на хартија поставена на платно |
Димензии | 36.8 см × 53.3 см |
Место | Крелер-Милеров музеј, Отерло, Холандија |
Ван Гог во Нунен
уредиВо ноември 1884 година, ван Гог научил некои пријатели од Ајндховен, голема паланка во близина на Нунен, да сликаат неживи предмети во масло. Ван Гог, во својот ентузијазам, создал серијал слики на мртва природа од шишиња, чинии и саксии и други предмети.[3] Мртва природа со сламена шапка била насликана во Нунен во овој период. Тој напишал дека сликите тешко ќе се продадат, но сметајќи дека трудот е вреден тој сликал композиции на мртва природа во текот на зимата.[2]
Сликата
уредиМртва природа со сламена шапка и уште една слика од овој период, Мртва природа со земјен сад и кломпи, критичарите и писателите ги ценат поради нивното техничко мајсторство. И двете се одликуваат со мазна, прецизна работа со четки и фино засенчување на боите.[4] За време на неговиот двегодишен престој во Нунен, тој завршил бројни цртежи и акварели и речиси 200 слики во масло. Сепак, неговата палета се состоела главно од мрачни земјени тонови, особено темно кафеава, и тој не покажал знаци на развивање на живописната боја што го разликува неговото подоцнежно, најдобро познато дело. Кога се пожалил дека Тео не вложува доволно напори да ги продаде своите слики во Париз, Тео одговорил дека тие се премногу темни и не се во согласност со сегашниот стил на светлите импресионистички слики.[5]
Сликата е дел од збирката на Крелер-Милеровиот музеј во Отерло, Холандија.[1]
Потекло
уредиХелене, сопруга на Антон Крелер, го поминала својот живот и богатство собирајќи слики од ван Гог. Крелеровата уметничка збирка од 19 и 20 век отишла во државни раце и во Крелер-Милеровиот музеј. Можеби аранжманот бил повеќе средство за реституција за милионите гулдени платени од холандската држава во 1930-тите за одржување на солвентноста на банката, еден од најголемите клиенти на корпорацијата „Антон Крелер“, а во постапката го штител Крелер.[6][7]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Still Life with Straw Hat“. Kröller-Müller Museum. Архивирано од изворникот на 2012-03-09. Посетено на 10 мај 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Barr, A (1966) [1935]. Vincent van Gogh. New York: The Museum of Modern Art. стр. 58. ISBN 0-7146-2039-4.
- ↑ Nordenfalk, C (1953). The Life and Work of Van Gogh. New York: Philosophical Library. стр. 83–84.
- ↑ Hulsker, J (1980). The Complete Van Gogh. Oxford: Phaidon. стр. 196–205. ISBN 0-7148-2028-8.
- ↑ Tralbaut, M (1981) [1969]. Vincent van Gogh, le mal aimé. Edita, Lausanne (French) & Macmillan, London 1969 (English); reissued by Macmillan, 1974 and Alpine Fine Art Collections, 1981. стр. 123–160. ISBN 0-933516-31-2.
- ↑ Schultz, P (2010) [2003]. 1,000 Places to See Before You Die. New York: Workman Publishing Company. стр. 245.
- ↑ Tromp, H (2010). A Real Van Gogh: How the Art World Struggles with Truth. Amsterdam University Press. стр. 116–118.