Мртва природа: цвеќиња

Мртва природа: цвеќиња (француски: Nature morte: fleurs) ― масло на платно од Пјер Огист Реноар во Танхаузеровата збирка во Гугенхајмовиот музеј, Њујорк.

Оваа слика од 1885 година е слична на „Мртва природа: цвеќиња и бодликави круши“ за која се верувало дека е насликана една година порано, но во овој случај Реноар не вклучувал овошје и трпезариско платно и бил повеќе воздржан во употребата на бојата.[1]

Наводи

уреди
  1. Barnett, Vivian Edicott; Krens, Thomas. Guggenheim Museum Thannhauser Collection. New York: The Solomon R. Guggenheim Foundation. ISBN 0-89207-074-9.