Моќниот Ориноко (француски: Le Superbe Orénoque) ― роман на францускиот писател Жил Верн (1828-1905), првпат објавен во 1898 година како дел од „Необични патувања“. Раскажува приказна за патувањето на младата Жана по реката Ориноко во Венецуела со нејзиниот заштитник, наредникот Марсијал, со цел да го пронајде нејзиниот татко, полковникот де Кермор, кој исчезнал неколку години претходно.

Моќниот Ориноко
Корицата на првото илустрирано издание.
АвторЖил Верн
Изворен насловLe Superbe Orénoque
ИлустраторЖорж Ру
ЗемјаФранција
ЈазикФранцуски
СеријалНеобични патувања бр. 45
ЖанрАвантуристички роман
ИздавачПјер-Жил Етцел
Издадена
1898
МедиумТврд повез
ISBN0-8195-6511-3
ПретходнаЛедената сфинга 
СледнаЗавештание на еден чудак  

Галерија

уреди