Мој термин (апликација)
Мој термин (mojtermin.mk) — семрежна апликација за електронско објавување и следење на списоците за закажување прегледи во здравствените установи. Системот е почнат како пилот-проект на 1 декември 2011 година во Клиниката за радиологија, Градската општа болница „8 Септември“ и Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“ во Скопје.[1]
URL | https://mojtermin.mk/ |
---|---|
Тип на место | семрежна апликација |
Регистрација | само за пристап до „Здравствени работници“ |
Достапни јазици: | македонски |
Сопственик | Министерство за здравство |
Создавач |
Цели
уредиПоставените цели на „Мој термин“ се:[2]
- Намалување на метежот и редиците на чекање во амбулантите во здравствените установи
- Унифицирани и веродостојни бази на податоци
- Брзо и едноставно евидентирање и запишување на податоци за пациентите
- Градење на електронски здравствен картон (досие)
- Квалитетна здравствена услуга, за сметка на намалена административна работата
- Создавање на детален распоред за прием на пациенти кај сите доктори
- Воведување на нови работни процеси преку воведување на електронски здравствен картон, електронски рецепт, електронски упат, електронско закажување на прегледи и други услуги
- Намалување на бројот на двојни прегледи и интервенции
- Брзо општење и консултации помеѓу примарната, секундарната и терцијарната здравствена заштита
- Поквалитетна услуга и намалување на ризикот од погрешни стручни одлуки
Опис
уредиАпликацијата „Мој термин“ е поставена на мрежната адреса https://mojtermin.mk/ и пристапот до неа е слободен во делот за „Пациенти“. Пристапот до делот „Здравствени работници“ им е овозможен само на вработените во здравствените установи, корисници на апликацијата со корисничко име и јавка.
Апликацијата им овозможува на пациентите да:
- Проверат слободен термин
- по специјалист
- по апарат
- по установи
- Пронајдат упат
- Пребараат лекар или апарат
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Стартува проектот „Мој термин" за електронско закажување прегледи во ЈЗУ“. Влада на Република Македонија. Посетено на 21 мај 2024.
- ↑ „Мој термин - Цели“. Министерство за здравство. Посетено на 21 мај 2024.