Мојот грев (шпански: Mi Pecado) е мексиканска теленовела од 2009 година.

Мојот грев
Жанртеленовела
Создадена одКуахтемок Бланко
УлогиМајте Перони
Евгенио Силер
Сабин Мусиер
Серхио Гојри
Земја на потеклоМексико
Првичен јазикшпански
Бр. на епизоди105
Производство
Извршен продуцент(и)Хуан Осорио Ортиз
Времетраење45 минути
Прикажување
Првична мрежаКанал 2
Првично прикажување15 јуни 2009 – 6 ноември 2009
Хронологија
СледбеникМар на љубовта (2009/10)
Надворешни врски
Мрежна страницаwww2.esmas.com/entretenimiento/telenovelas/mi-pecado/

Дејство

уреди

Паулино Кордоба, Габино Роура, Родолфо Уерта и Матиас Кирога се неразделни пријатели од детството, но кога стануваат зрели мажи, нивните приоритети ја променуваат насоката и еден грев силно настапува и го нарушува нивното пријателство. Паулињо е сопственик на имотот “El Milagro”, кое е главен производител на јаболки во регионот. Тој е сопруг на Росарио, со која има две деца, Сесар и Лукресија. Росарио секогаш покажувала почитување кон момчето но гледала туѓина кон девојчето. За Лукресија се грижи Делфина, слугинката на Росарио и мајка на Мануел. Лукресија и Мануел израснуваат како брат и сестра, бидејќи Делфина ги одгледува и двајцата со многу љубов. Најдобриот пријател на Лукресија е Хулиан Уерта. Двајцата споделуваат еднакви чувства и почитување, коешто со текот на години прераснува во љубов. Габино Роура е лукав и амбициозен маж, кој ја убива сопругата заради осигурување на наследството. Габино манипулира со пријателите и децата Камило и Тереса. Тој е сопственик на најдобрите земји за обработување на земјоделска култура во регионот, кои му носат приходи на Паулињо, за да го контролира развојот на јаболките. Родолфо е мајсторот на селото Сан Педро. Тој е многу ценет и работлив маж. Женет е за Хустина, чувствителна жена, која живее незадоволна поради малата финансиска возможност, која и ја дава сопругот. Тие имаат две деца, Хулиан и Хосе. Хустина Алмада, жената на Родолго, е онаа која ги прави силните конфликти, кои ги нарошуваат пријателските односи помеѓу Паулино, Родолфо и Габино.

Матиас Кироха, свештеникот во селото, гледа со мака како неговите пријатели сега се непријатели, а исто така тоа е и главна пречка за љубовта помеѓу Лукресија и Хулиан. За несреќата на двајцата вљубени, случајноста ги тера да доживеат инцидент, во кој е во опасност животот на Сесар. И покрај тоа што се невини, Росарио е решена дека тие се одговорните. Злобата на Росарио го задолжуваат Паулино да се оддалечи од својата ќерка и имотот, како и да ги прекине сите дотогашни односи со семејството на Родолфо. Од тој момент, лошата слава на Хуалиан се шири низ селото и тој ќе треба да ја носи целиот живот. Со изминувањето на годините, Хулиан и Лукресија се среќаваат и љубовта им нараснува повторно, но родителите им се противставуваат. Вљубените се готови да се борат за љубовта каква било пречка да им се најде на патиштата. Тие ја имаат грижата од Делфина, нејзиниот сопруг Модесто и солидарноста на Мануел, кој заради љубовта кон Лукресија им помага да бидат среќни. Модесто, управителот на имотот, е селски човек, кој има дел од земјата и заедно со Делфина и Мануел создаваат обично и прекрасно семејство. Рената е братучетката на Лукресија. Таа е амбициозна девојка, која сака да и преземе се‘ она што е на Лукресија. Паулино страда од економска криза, а Габино му предлага да се ожени за Лукресија, но Кармело, синот на Габино се попречува и го убива татка си. Хулиан е неправдено осуден за тоа обиство, заради кое, Лукресија е принудена да се омажи за Кармело за да го спаси својот татко од кризата. Лукресија живее со тагата како сопруга на Кармело и со фактот, дека го загубила имотот. Во селото се појавува мистериозен маж, кој е новиот господар на името. Лукресија открива, дека тоа всушност е Хулиан Уерта. Кармело се пушта во борба да го тргне Хулиан од патот на Лукресија и меѓу двајцата започнува една бескрајна борба за срцето и љубовта.

Улоги

уреди
Глумци Ликови
Мајте Перони Лукресија Кордоба Педраза
Евгенио Силер Хулиан Уерта Алдама
Даниела Кастро Росарио Педраза де Кордоба
Роберто Бландон Паулино Кордоба
Серхио Гојри Габино Рура
Салвадор Санчес Отец Матијас
Франциско Гаторно Родолфо Уерта
Армандо Араица Кармело Рура

Надворешни врски

уреди