Моштенци
Моштенци — подгрупа на македонскиот народ кој живее во јужниот дел на Република Македонија и во Егејска Македонија. Тие се познати по нивната култура, архитектура, обичаи и културно и национално наследство. Традиционалната моштенска носија е широко позната.
Моштенци живеат во селата Бач, Живојно, Гермијан и Сович и во триесетина села во Егејска Македонија, денес во Грција. Моштенците имаат своја посебни украси и носија која битно се разликува од носијата на соседните мариовски села. Носијата била една од причините поради кои немало мажење и женење меѓу Мариовци и Моштенци, односно мажење и женење меѓу село Бач и Брод, иако едното од другото се оддалечени само 2 километри.