Лидингеброн

(Пренасочено од Мост Лидинге)

Лидингеброн или Мост на Лидинге е име на два моста во Лидинге, Шведска. Овој мост е составен од вкупно два моста кои се паралелни еден до друг. Овие мостови се протегаат преку теснецот Лила Вартан помеѓу копната на Ѓургарден во Ропстен на источниот дел на Стокхолм од едната страна и островот Лидинге на другата страна.

Мост Лидинге

Историја

уреди

Прв понтонски мост

уреди

На парохискиот состанок во далечната 1802 година жителите на островот Лидинге, во тоа време претежно земјоделска област, решиле да започнат процедура за изградба на понтонски мост со кој ќе го поврзат својот остров со градот Стокхолм. Мостот започнал да се гради во 1802, а завршен е во 1803 година. Должината на мостот била речиси 800 метри или околу 2.600 стапки, а широк околу 7 метри или 23 стапки. Преку мостот била поставена патарина со чии средства требало да се отплати и да се одржува. Тој мост во тоа време бил еден од најдолгите мостови во Европа. Историскиот мост од тоа време се наоѓал на околу 2 километри од денешните мостови. Мостот преживувал тешки времиња. Претрпил тешки оштетувања најпрво во 1811 година, а во 1858 година бил целосно срушен. Така производите кои се произведувале на островот поради водениот превоз поскапеле неколкукратно.[1]

Втор понтонски мост

уреди

Некаде во 1883 година теснецот помеѓу градот Стокхолм и островот Лидинге го откупува градот и решава на истата местоположба да изгради нов мост. Тоа се случило во 1884 година. Овој мост бил поширок од првиот и имал ширина од 12 метри или 39 стапки. Овој мост имал подвижен дел кој можел да се крева и на тоа место да поминат бродови. Нивото на коловозот бил само 10 до 15 сантиметри над нивото на водата и при најмали ветрови доаѓало до поплавување и до отежнато минување на другата страна.

Страничната стабилност на мостот била постигната со поставување на огромни трупци кои биле набиени во дното на водата. По минувањето на тешки камиони по мостот тој започнал да се оштетува и во 1918 година бил речиси една третина вон употреба.

Стариот Лидингеброн мост

уреди

До крајот на Првата светска војна стариот мост бил речиси уништен. Се користел до 1925 година кога бил заменет со нов мост од челик со ширина од 9,1 метар или 30 стапки. Коловозот бил со ширина од 6,7 метри или 22 стапки. До овој мост бил изграден исто таков друг мост, но наместо коловозни линии имале на него две железнички линии. По изградба на овој мост на стариот мост било воведена забрана за секаков вид на автомобили.

По реконструкцијата на железничкиот мост едната линија е задржана, а другата е отстранета и тој простор се користи за пешаци и велосипеди.

Нов Лидингеброн мост

уреди

По зголемувањето на населението на островот Лидинге и зголемената потреба од движење во двата правци, стариот мост бил со недоволен капацитет, па имало потреба од изградба на нов мост. Двете соседни општини кои се наоѓале на двете страни од мостот во 1961 година оствариле состанок на кој се договориле дека треба да се изгради нов мост јужно од постоечкиот.

Новиот мост бил отворен во 1971 година. Должината била 997 метри или 3.271 стапка, ширината 24 метри или 79 стапки. Висината над водата изнесува 12,5 метри или 41 стапка. Делот на мостот кој минува над вода изнесува 724 метри или 2.375 стапки. Целата конструкција на мостот лежи на неколку (десетина) столбови. Растојанието помеѓу столбовите изнесува околу 73,5  метри или 241 стапка. Столбовите се изработени од челик наполнети со бетон.

Наводи

уреди
  1. Dufwa, Arne (1985). „Broar och viadukter: Lidingöbron“. Stockholms tekniska historia: Trafik, broar, tunnelbanor, gator. Uppsala: Stockholms gatukontor and Kommittén för Stockholmsforskning. стр. 203–205. ISBN 91-38-08725-1.