Морална психологија

Полето на изучување на моралната психологија може да биде филозофско и психолошко. Терминот „морална психологија“ некои го користат се помалку за да се даде предност на моралниот развој. Како и да е, други се стремат кон пошироко користење на терминот за да ги вклучат сите теми кои се пресретнуваат со етиката, психологијата и филозофија на умот. Некои од главните теми на изучување се моралното просудување, моралната одговорност, моралниот развој, моралниот карактер (особено поврзан со етиката на доблестите), алтруизмот, психолошкиот егоизам, моралната среќа и моралното несогласување.

Некои од психолозите кои работеле на тоа поле се Жан Пиаже(Jean Piaget), Лоренс Колберг (Lawrence Kohlberg), Елиот Туриел (Elliot Turiel), Џонатан Хајд (Jonathan Haidt), Линда Скитка (Linda Skitka), Марк Хојзер (Marc Hauser), Ц. Даниел Батсон (C. Daniel Batson), Џошуа Д. Грин (Joshua D. Greene), А. Питер Мекгро A. Peter McGraw и Филип Тетлок (Philip Tetlock). Филозофи кои работеле на тоа поле се: Стефан Штих (Stephen Stich), Џон Дорис (John Doris), Џошуа Кнобе (Joshua Knobe), Шон Николс (Shaun Nichols), Томас Нагел (Thomas Nagel), Роберт Ц. Робертс (Robert C. Roberts), Џеси Принц (Jesse Prinz), Мајкл Смит (Michael Smith) и Р. Џеј Волис (R. Jay Wallace).

Историја

Историски гледано, раните филозофи како Аристотел и Платон биле ангажирани во двете емпириски истражувања и априорната концептуална анализа за начинот на човечкото донесување на одлука за работите кои поттикнуваат морални грижи. Темите од моралната психологија биле централни теоретски теми, истражувани од филозофи од раните денови на професионализмот па сè до денес. Со развојот на психологијата како одделна дисциплина од филозофијата, за психолозите било природно да продолжат со работата во полето на моралната психологија. Многуте емпириски истражувања од оваа област во 20-от век биле извршени од академци кои работеле во одделите за психологија.

Денес, моралната психологија е област која цути на филозофско, психолошко па дури и на интердициплинарно ниво. На пример, психологот Лоренс Колберг испрашувал момчиња и луѓе од помладата машка генерација за нивниот мисловен процес кога се соочуваат со моралната дилема, изведувајќи многу корисни емпириски учења од областа на моралната психологија. Друг пример, филозофот Џошуа Кнобе неодамна ја заврши емпириската студија за тоа како етичкиот проблем, начинот на којшто е формиран, драматично влијае на поединечната интуиција за соодветно нормална реакција. Пообмислено фокусирано истражување извршиле истражувачите како Џон Дорис. Тој (во 2002 година) расправа за начинот на којшто општествените психолошки експерименти, како на пример експериментот за ситуационизам (психолошки пристап за личноста која мисли дека врз луѓето повеќе влијаат надворешните фактори, отколку внатрешните особини и мотивации) направен во затворот Стенфорд, создаваат сомнеж за клучната компонента во етиката за доблестите: идејата дека поединците имаат единствен и морален карактер кој зависи од околината. Друг пример, Шон Николс (2004 година) испитува за тоа како емпириските податоци за психопатологијата предлага дека моралниот рационализам е лажен!

Современи теории

Неодамнешните обиди за да се развие интегриран модел на морална мотивација идентификуваат барем шест различни нивоа на морално функционирање, од кои секој е претставен за да се предвиди некаков вид на морално или про-општествено однесување: морални интуиции, морални емоции, морални доблести/пороци (капацитет на однесување), морални вредности, морални размислувања и морална моќ на волјата. Овој интуитивен модел на морална мотивација предлага дека моралните однесувања се типични производи на повеќекратни нивоа на морално функционирање и вообичаено се „оживуваат“ со „пожешки нивоа на интуиција, емоција и добра/лоша особина на однесување. „Поладните“, сепак важни, нивоа на: вредности, размислување и моќта на волјата се претставени како второстепени на повлијателно интезивните процеси.

„Теоријата на моралните темели“ на психологот Џонатан Хајд го испитува начинот на моралните разлики помеѓу културите и идентификува пет фундаментални морални вредности поделени на повисок и понизок степен на различни општества и поединци. Според Хајд, тоа се: грижа за други, чесност, верност, авторитет и чистота. Од една страна, во книгата на Хајд, која е наменета за сите читатели, „Хипотезата за среќа“, се разгледуваат начините на коишто современата психологија фрла светлост на моралните идеи од минатото. Од друга страна, на една скорешна конференција, Хајд изрази мислење за тоа дека не ја поддржува науката за моралот.

Морален идентитет

Студијата спроведена од Ен Колби и Вилијам Дејмон се однесува на животот на поединците кои исклучително манифестираат морална обврска. Во оваа студија се предлага дека моралниот идентитет на поединците е формиран со синхронизација на нивните лични и морални цели. Авторот ги опишува овие примери како да одржуваат „единство помеѓу себеси и моралот“. Со истражувањето се предлага дека „трансформацијата на целите“ се случува за време на еволуцијата на нечиј морален идентитет и развој. Трансформацијата на целите е опишана како процес на развој кој постои кај верувањето на една личност, што влијае на неговото/нејзиното однесување. Таквата преобразба е изведена од силните општествени интеракции кои постепено ги променуваат и оформуваат нивните цели. Теоретските и емпириските учења во минатото биле фокусирани на тоа дека моралната емоција и размислување биле извор на моралната мотивација. Но, со неодамнешните модели на морал се претставува дека идентитетот е извор на моралната мотивација. Емпириските учења за моралните примери покажале дека моралниот идентитет се развил со помош на моралната акција, додека теоретските учења за моралниот идентитет се развиле со помош на концептот на моралното сознавање, моралното размислување и моралното функционирање. Малку информации се решителни за луѓето кои за да изразат дел од нивниот идентитет, изнесуваат ограничен избор на морално однесување.

Морални вредности

Кристиансен и Хоте испитуваат многу истражувачки статии кои се однесуваат на човечките вредности и ставови и дали тие се водич за нивното однесување. Со прегледаното истражување и проширувањето на теоријата на Ајзен и Фишбејн за разумното дејствување, тие заклучиле дека вредноста-ставот-однесувањето зависи од нивното поединечно и морално размислување.

Морални доблести

Теоријата на Роберт А. Емонс е дека благодарноста е најголемата доблест. Благодарноста е исто така емоција, но станува доблест кога често се претставува низ неколку ситуации. Нејзината главна функција е да ги презентира општествените односи со воспоставување на цврсти меѓучовечки врски помеѓу членовите на општеството преку систем на реципроцитет.

Морално размислување

Во историјата на моралната психологија, можеби најголемата, централна фигура е Лоренс Колберг. Неговата когнитивна развојна теорија за моралното размислување доминира на тоа поле со децении. Накратко кажано, тој кажал дека моралниот развој е најдобро обмислен како нечиј напредок во капацитетот да размислува морално за различни морални дилеми или конфликти од интерес (најраспространетото морално сценарио кое е искористено кај ова истражување најчесто е именувано како „дилемата на Хајнц“). Колберг сугерирал дека децата почнуваат со размислување за таквите дилеми...

Морална моќ на волјата

Меткалфе и Мишел (1999 година) ја испитувале идејата за моќта на волјата во однос на оддолжувањето на задоволителната парадигма. Тие предлагаат за еден топло/ладен систем во кој една личност ќе може да контролира туѓи емоции додека е сè уште понесен од нагоните. За топлиот систем се збори дека е „оди - движечкиот систем“, а за ладниот се збори дека е „знае“ систем. Различните системи се поттикнати од одлуката на некоја личност и за тоа како тој/таа реагира на различно презентирани дразби. Баумајстер, Милер и Дилејни (2005 година) сведочат дека самиот човек може да ги ослободи своите акции да се одредуваат од некои посебни влијанија, особено од оние за кои е свесен. Но, постои суштинска цена за да се одолее на природните реакции и презентирање на моралните. Со проучувањата се покажало дека подобрувањето на „самоуправувањето“ или моќта на волјата на подолг период, може да се достигне само со придржување кон изградбата на самоконтрола со помош на постојано вежбање. Со претходното истражување се докажало дека примената на самоконтролата може да се врши во краток период, што би довело до намалување на самоконтролата. Двете откритија го потврдуваат гледиштето дека самоконтролата е слична на мускулот бидејќи ако се вежба само на краток период, се уморува и ја намалува својата моќ, додека ако се вежба на подолг период, таа се зајакнува и ја зголемува својата моќ. Ова откритие е добродетел за луѓето кои имаат проблеми како зависност и користење на супстанци, за личности кои имаат недостаток на самоконтрола за изградбата на истата, за да го приспособат нивното непосакувано однесување, мисли и акции со помош на физички и ментални вежби.

Морално однесување

Проучување спроведено од Рејнолдс и Цераник. Тие ги идентификувале разните придонеси за моралното однесување, од кои два се идеите за морално просудување и морален идентитет. Рејнолдс и Цераник ги идентификувале некои од поголемите ограничувања кај овие класично когнитивни и морално развојни теории. Тие повеќе сакале да го спојат концептот на моралниот идентитет со моралното просудување, отколку да ги изучуваат како одделни придонесители за моралното однесување. Со ова истражување се предлага дека моралниот идентитет и моралното просудување може да дејствуваат заедно и одделно за да го оформат моралното однесување. Како дополнување на тоа, тие ги испитале ефектите од општествената согласност за нечие морално однесување. Со студијата се тврди дека во зависност од нивото на општествената согласност (високо/ниско), моралното однесување има потреба од поголем или помал степен на морален идентитет за да мотивира еден поединец да го избере и потврди однесувањето. Исто така, во зависност општествената согласност, некое однесување може да има потреба од различни нивоа на морално размислување. Со оваа статија се бара демонстрирање на интегриран пристап за испитувањето на моралниот идентитет и моралното просудување како и изучување на ефектите на општествената согласност врз моралното просудување.

Морални интуиции

Хајд и Греам извеле студија за истражувањето на разликите помеѓу моралните темели на политичките либерали и политичките конзервативци. Тие дознале дека „правдата и сличните доблести...ја создава едната половина од либералниот морален свет, додека пак работите поврзани со правдата кај конзервативците создаваат само една петтина од нивниот морален свет“. За конзервативците, моралните основи се формирани не само со штета/грижа и чесност/реципроцитет, туку и со групно/верност, авторитет/почит и чистота/светост. Хајд и Греам предлагаат дека за да во политичката арена се изведат отворени дебати, либералите мора да го признаат тој факт, ако сакаат да го разберат ставот на конзервативците.

Морален карактер

Според теоријата на Бласи, моралниот карактер се идентификува со збирот на моралните доблести и пороци на една личност. Тој ги теоретизира моќта на волјата, моралните копнежи и интегритетот како способни за личноста да дејствува морално по хиерархискиот редослед на доблестите. Тој верувал дека „највисокото“ и севкупноста доблести се изразуваат по концептот на интегритет. Волјата како копнеж се изразува како посакување да се „повлечеш“ од порокот. Така, волјата како копнеж е моралниот копнеж кој ги содржи моралните карактери, доблестите и пороците.

Морални емоции

„Има еден пристап со кој за првпат се дефинира моралот и со кој може да се каже дека моралните емоции се емоциите кои одговараат на моралните прекршувања или поттикнуваат морално однесување“. Општо, има два пристапи кои се прифатени од филозофите за дефинирање на моралната емоција. Првиот е: да се одредат формалните услови кои оформуваат морална изјава ( на пример, тоа е прескриптивно, тоа е може да е универзално, како практичност)“. Првиот пристап е повеќе приврзан за јазикот и дефинициите кои ги даваме за моралните емоции. Вториот пристап е: да се одредат материјалните услови на моралниот предмет, на пример, моралните правила и осудувања мора да се да бидат во интерес на добросостојбата на општеството како целина или барем во интерес на личноста, освен на судијата или агентот“. Оваа дефиниција изгледа како да е основана на акција. Се фокусира на резултатот од моралната емоција. Повеќе се претпочита втората дефиниција, бидејќи не е врзана за јазикот и заради тоа може да се примени и на децата кои уште не проговориле и животните. Моралните емоции се „емоции кои се поврзуваат со интересите или добросостојбата на општеството како целина или барем на личноста, освен на судијата или агентот“.

Постои дебата во врска со тоа дали има збир на основни емоции или дали има „скрипти или збир на компоненти кои може да се мешаат и споредуваат, дозволувајќи голем број на можни емоции“. Иако тие расправаат за основен збир, признаваат дека има варијанти за секоја емоција. Екман (1992 година) ги именува овие варијанти како „фамилии“. „Принципот на моралните емоции може да се подели на две големи или две мали здружени фамилии. Големите фамилии се `другите прекорни` фамилии, каде што тројца браќа не се почитуваат, се лутат и се гадат едни од други (и нивните деца, огорченоста и презирот) и `самосвесниот` дел од фамилијата (срам, засрамување и вина)...Двете помали фамилии се `другите страдалници` (сочувство) и `другите пофални` (благодарност и возвишување)“. Батсон, Клајн, Хајбергер и Шо спровеле два експерименти за алтруизмот поттикнат од соживувањето, претпоставувајќи дека тоа може да доведе до дела кои го прекршуваат правниот принцип. Резултатите покажале дека алтруизмот поттикнат од соживувањето и дејствувањето во согласност со правниот принцип се независни еден од друг. Тие понекогаш дејствуваат заедно, а понекогаш се во конфликт.

Културни вредности

Моралот не произлегол од изборот на поединецот туку од збирката човечки одлуки да се обидат да направат структура додека живеат заедно. Стегите од нивната околина и природните човечки копнежи влијаеле на тие одлуки. Еволуцијата на човечкиот општествен инстинкт се вкрстува со еволуцијата на културата. Моралот на културата обезбедил начин на раководење со конфликтот. Тој бара однесување кое е кооперативно и внимателно кон други, тој го обесхрабрува потенцијално штетниот интерес за само самиот себе и ги охрабрува емоциите кои се корисни во однос на другите во општеството. Освен тоа, нуди излез од поттикот за самозаинтересираност во однос на делата на другите. Во студијата од 1992 година, Шварц, во соработка со Рокас и Сагив, проучува како „општественото искуство“ има ефект врз вредносните приоритети, како тие влијаат врз „ориентацијата за однесувањето и изборите“ и како/зошто се разликуваат во другите култури и народи. Тој мисли дека мнозинството култури им дава приоритет на следниве десетина видови вредности: самонасочување, поттик, хедонизам, достигнување, моќ, сигурност, удобност, традиција, добрина и универзалност. Во овие видови вредности се вклучени други вредности кои кај сите култури имаат различен степен на приоритет.

Шварц извел теорија за видовите вредности со кои различни култури може да се контрастираат едни од други. Податоците биле собрани од 49 народи од цел свет и искористени за да се создадат седум видови вредности според приоритетните вредности на народите. Шварц ги избрал седумте видови вредности врз основа на нивната компатибилност и контрадикторност. Тие видови вредности биле: конзервативизам против автономија и влијателна автономија, хиерархија против рамноправност и власт против хармонија. Видовите вредности се користеле за да се расветлат народите чии култури биле тесно поврзани, што е спротивност на оние кои биле драстично различни. Теоријата се основа повеќе на културните димензионални нивоа, отколку на поединечно димензионалните нивоа, така што заклучоците може повеќе да се донесат на сметка на целата нација како целина (мнозинство), отколку на сметка на поединеот. Профилите на вредностите од петте нации имале значајна улога не само за предавањето на сличните резултати на студентите и професорите, туку и дека мнозинството од поделените региони имале слични вредности кои исто така биле и нагласени. Резултатите од проучувањето го направиле Шварцовиот изучувачки дизајн суштински важен и поставиле темел за проценување на културните импликации на вредностите и формирале хипотеза основана врз истото сценарио. Освен тоа, направеното истражување за соседните нации манифестирале корелација помеѓу географската блискост и поделените културни вредности. Шварц ги придонел овие односи со „поделената историја, религијата, степенот на развој, културниот контакт и други фактори“.