Монолог – говор на едно лице во драма, насочено кон самиот себе или кон слушатели, но без дијалог; говор на едно лице насамо.[1]

Глумецот Кристофер Вокен изведува монолог на сценската претстава Hurlyburly во 1984

Монологот може да се изговара на глас или се води во свеста на книжевниот лик. Во драмската книжевност ликот со монологот се обраќа на други ликови, на публиката или на самиот себе.[2] Во античката книжевност низ монолог се раскажувало за претходни случки битни за дејствието, или за случки кои се одвивале на друго место, па не можело да се прикажат на сцената. Во елизабетската драма се јавуваат лирски и драмски монолог преку кои авторите ти откриваат размислувањата, внатрешните несогласувања и судири на ликовите. Така во лирскиот монолог ликот низ разговор со самиот себе ги изнесува своите чувства кон драмското дејствие, а низ драмскиот монолог често се открива внатрешниот судир или сомнеж.[2]

Поврзано уреди

Наводи уреди