Монокерос (легендарно суштество)
Монокерос (грчки: μονόκερως) е легендарно животно со само еден рог поврзан со еднорогот.
Митологија
уредиПотекнува од грчкиот збор μονόκερως (monokerōs), сложен збор од μόνος (monos) што значи „само еден“ / „самец“ и κέρας (keras) (неутрален род), што значи „рог“.
Монокеросот првпат бил опишан во Природната историја на Плиниј Старец како суштество со тело на коњ, глава на елен (без рогови), стапала на слон и опашка на дива свиња. Имал еден црн рог во средината на челото, што е два лакти (околу 1м) во должина и било невозможно да се фати жив.[1]
Козма Индикоплеусте, во Христијанската топографија пишува дека не го видел животното, но видел негови маснгови фигури во палатата на кралот на Етиопија и од овие фигури можел да го нацрта. Тој исто така спомнува дека народот зборувал за него како за страшен ѕвер и непобедлив и дека целата негова сила лежела во неговиот рог. Кога ќе го гонеле многу ловци и ќе го фателе, извирал до врвот на некоја стрмна провалија од каде паѓал. Потоа, додека паѓал, се вртел така што рогот го издржува целиот удар од падот, и тој успевал да избега неповреден.[2]
На денешниот англиски јазик, терминот монокерос обично се однесува на еднорог или слично суштество со еден рог.[3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ introduction, Pliny the Elder ; translated with an; Healy, notes by John F. (1991). Natural history. London, England: Penguin Books. ISBN 9780140444131.
- ↑ Cosmas Indicopleustes, Christian Topography, § 335
- ↑ „monoceros“. OED Online. Oxford University Press. Посетено на 30 October 2014.