Момир Поленаковиќ
Момир Поленаковиќ (роден на 26 април 1939 година во Скопје - 6 март 2021) — македонски научник, професор и лекар од областа на нефрологијата, нефропатијата, урологијата и бубрежните заболувања. Член на МАНУ.
Момир Поленаковиќ | |
---|---|
Момир Поленаковиќ | |
Роден(а) | 26 април 1939 Скопје, Македонија, |
Починал(а) | 6 март 2021 | (возр. 81)
Живеалиште | Скопје |
Националност | Влав |
Полиња | Медицина, нефрологија, урологија |
Установи | Клиника за нефрологија при Медицински факултет - Скопје |
Образование | Медицински факултет во Скопје |
Теза | (1977 докторска дисертација) |
Образование и работен век
уредиМедицински факултет завршил во Скопје во 1963 година, кога како најдобар студент-првенец е награден од Универзитетот „Кирил и Методиј“, Скопје. Специјализација по интерна медицина завршил во 1969 година. Во 1977 година ја одбранил докторската дисертација на тема „Клиничко имунолошка процена на патолошките настанувања во бубрежните гломерули“. За редовен професор е избран во 1988 година. Работи на Клиниката за нефрологија при Медицинскиот факултет во Скопје, а од 1990 година е директор на клиниката.
Во текот на 1972 и 1973 година е на стручно усовршување во САД како стипендист на IREX. Најголем дел од времето го поминал работејќи на North¬western University, Chicago, на De¬partment of Medicine, Renal Unit and Department of Pathology. Како стипендист на Светската здравствена организација (WнефHO) престојувал на универзитетските нефролошки клиники во Шведска, Германија и Англија. Visiting Professor на Fulbright Program во САД 1991/1992 година.
Научна дејност
уредиАкад. Момир Поленаковиќ искуствата од светот ги применил во нашата средина, а и нашите сознанија и достигнувања ги соопштил во земјава и странство во над 500 отпечатени научни и стручни трудови, од кои 191 труд се на Pub Med, како и во 250 апстракти со кои учествувал на научно-стручните состаноци во земјата и светот. Редактирал и издал пет книги на реферати од конгреси и научни состаноци. Автор е на книгата „Исхрана кај болните со бубрежна инсуфициенција и на дијализа“, 1997, како и соавтор (со акад. И. Дејанов и П. Дејанов) на книгата „Инфекции, хемостатски нарушувања и антибиотичка терапија кај болни на хемодијализа“, 2004.
Акад. Поленаковиќ е активен во изучувањето на: гломерулонефритите, интерстиционефропатиите, уринарни инфскции, инвазивна и неинвазивна нефролошка дијагностика, паренхимните нефропатии, имуносупресивна терапија, плазмафереза, невролошки пореметувања при хроничната бубрежна инсуфициенција и др. Акад. Поленаковиќ за првпат во нашата земја воведува добивање на бубрежно ткиво по пат на псркутана бубрежна биопсија и овозможува иследување на свежо добиено бубрежно ткиво со имунохемиски методи. Ја дал класификацијата на гломерулонефрититс во Република Македонија. Од 1965 година акад. Поленаковиќ учествува во лекување на акутната бубрежна инсуфициснција со хемодијализа, а од 1971 година во лекувањето на хроничната бубрежна инсуфициснција со интермитснтна хемодијализа. Прв го вовел лекувањето со рекомбинантсн еритропоетин реналната анемија кај пациенти лечени со дијализа. Во 1977 година учествувал во изведувањето на првото бубрежно пресадување на Медицинскиот факултет во Скопје.
Акад. Поленаковиќ одржал повеќе предавања од областа на гломерулонефрититс, балканската ендемска нефропатија и лекувањето на хроничната бубрежна инсуфициенција во повеќе институции во земјата и странство.
Акад. Момир Поленаковиќ активно учествува во работата на Македонското лекарско друштво. Основач и претседател е на Македонското здружение за нефрологија, дијализа, пресадување и вештачки органи (1992-2011). Иницијатор е за создавањето на Балканската нефролошка асоцијација (БАНТАО) во 1993 година. Член е на повеќе меѓународни асоцијации и здруженија, и тоа: European Dialysis Transplant Association-European Renal Association, International Society of Nephrology, Inter¬national Society for Artificial Organs и др. Од 1992 г. е претседател на Македонското здружение за нефролгија, дијализа, пресадување и вештачки органи, а од 2011 г. е негов почесен претседател. Од 2011 г. е претседател на Етичкиот комитет на МАНУ, а од 2014 г. е прв претседател на Македонското здружение на медицински уредници.
Награди и признанија
уредиТој е носител на повеќе признанија и награди, меѓу кои: Орден заслуги за народ со сребрена ѕвезда, Повелба ,Д-р Трифун Пановски“ (1988), од National Kidney Foundation (NKF), USA доделено му e Distinguished International Medial за 1997 година, највисоко иризнание кое се доделува од NKF на нефролози, кои не се жители на САД, за извонредни научни достигнувања во нефрологијата и за работа во развивањето на нефрологијата во својата земја, Награда на град Скопје - „13 Ноември“ за особени остварувања во здравствената заштита од областа на нефрологијата (2005), Сребрен медал од прв ред „Столна медаља на Македонската православна црква“ по повод 50 години од обновувањето на Охридската архиепископија и 40 години од автокефалноста на МПЦ (2008), Државна награда на РМ - „11 Октомври“ за животно дело во областа на науката и образованието (2009) и други. Во 2013 г. е добитник на наградата The 2013 Pioneer Award Eastern & Central Europe region на Интернационалното здружение за нефрологија (ISN) за постигнувањата од областа на нефрологијата за регионот на Источна и Централан Европа.
Акад. Поленаковиќ во 1994 година е избран за странски член на Српската академија на науките и уметностите, како и за почесен член на Фондацијата „Бубрег“, Варна, Бугарија. Во 1996 година е избран за почесен член на Академската асоцијација за медицински интердисциплинарни студии, Романија (Academic Association of Medical Interdisciplinary Studies). За почесен член на Академијата за медицински науки на Српското лекарско друштво е избран во 1998 година, а во 2002 година е избран за почесен член на Њујоршката академија на науките (САД) и истата година за дописен член на Академијата за медицински науки на Хрватска. Исто така, во 2006 г. е избран за член на Светската академија на уметност и наука (Сан Франциско, САД), како и за член на Европската академија на науките (Салцбург, Австрија). Од 2007 г. е член на Друштвото за наука од Берлин „Лајбниц“ (Германија). За редовен член на Македонската академија на науките и уметностите е избран на 26 јуни 1997 година.