Млекара Битола
Млекара АД Битола — македонско акционерско друштво за производство на млеко и млечни производи со седиште во Битола.
Историја
уредиОрганизација и управување
уредиВо 2020 година, генерален директор на Млекара АД Битола бил Ѓорѓи Петрушев.[1]
Активности
уредиВо 2019 година, Млекара АД Битола остварила вкупен приход од 2 949 076 034 денари, со што била најголемо претпријатие во млечната индустрија во Македонија (учество од 32,7% во вкупниот приход остварен во целата млечна индустрија). Една година претходно, нејзиниот приход изнесувал 2 369 463 234 денари. Исто така, таа била најголемото претпријатие во млечната индустрија мерено според остварената добивка, која во 2019 година изнесувала 176 384 420 денари. Во 2018 година, таа имала 169 вработени, а во 2019 година бројот на вработените се зголемил на 191, а по овој показател, таа била второ најголемо претпријатие во македонската млечна индустрија.[2]