Младински комунистички сојуз на Персија
Младински комунистички сојуз на Персија (персиски: اتحادیه جوانان کمونیست ایران) ― поранешна комунистичка младинска организација во Персија. Организацијата била основана во средината на Гиланската револуција. Таа била створена по расколот на 31 јули 1920 година помеѓу комунистичките и некомунистичките џангалски елементи. МКС на Персија водел агитациски и пропагандни активности и организирал вооружени дејствија против следбениците на Кучик Кан.[1][2] Организацијата беше уништена по поразот на Гиланската Социјалистичка Советска Република.[3]
Во 1927 година, се споиле различни комунистички младински групи, повторно создавајќи го МКС на Персија.[3] Тоа било дел од Младата комунистичка интернационала.[3] Во есента 1928 година, организацијата била потисната заедно со другите леви групи.[4]
Наводи
уреди- ↑ Sepehr Zabih (1966). The Communist Movement in Iran. University of California Press. стр. 29. GGKEY:KEUPHZBUB6W.
- ↑ M. Reza Ghods (1989). Iran in the twentieth century: a political history. Lynne Rienner. стр. 67. ISBN 978-0-7449-0023-1.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Young Communist International (1928). The Young communist international between the fourth and fifth congresses, 1924-1928. Communist party of Great Britain. стр. 75.
- ↑ Tomas B. Phillips (април 2012). Queer Sinister Things: The Hidden History of Iran. Lulu.com. стр. 54. ISBN 978-0-557-50929-4.