Милјоказ
(Пренасочено од Миљоказ)
Милјоказ — еден од низата на бројни знаци кои во римскиот период биле поставени вдолж патот на одредени растојанија, вообичаено на едната страна на патот или во неговата средина. Миљоказите се поставувале и да го осигураат патникот дека го следи вистинскиот пат по кој тргнал и да го прикаже поминатото растојание или растојанието до следниот миљоказ.
Историскиот поим милјоказ (од латинскиот milliarium) се употребува и денес.
На територијата на Македонија се пронајдени голем број на милјокази кои упатуваат на мрежата на патишта кои постоеле во антиката во земјата.