Митос (грчки: Μύθος, буквално: мит) — грчко пиво создадено во 1997 година, а од 2015 година произведено од Олимписката пиварница, подружница на групацијата Карлсберг.[1]

Митос пиво

Историја уреди

Во 1992 година, Групацијата Бутари ја купила компанијата Хенингер Хелас., локалниот грчки дистрибутер на германското пиво Хенингер, основана во 1968 година, а во 1994 година била преименувана во Пиварница Северна Грција, како дел од стратегијата да се претвори во оригинално домашна грчка компанија за пиво. Ова било постигнато со воведувањето на пивото Митос во 1997 година, а во 2001 година компанијата се преименувала во Пиварница Митос, бидејќи Митос станал нејзин примарен производ. Во 2004 година Шкотска и Њукасл станале мнозински акционери. Од 2008 година е подружница на Групацијата Карлсберг, која конечно, во 2015 година, ја реформирала Олимписката пиварница по спојувањето на Митос и Пивара Олимпик, која веќе ја поседувала.

Производи уреди

Митос е светло лагер пиво, претставено во 1997 година. Достапно е и во шишиња и лименки од 330 мл и 500 мл. Содржината на алкохол во Грција е 5%. Митос произведува и Митос Ајс (филтрирано и разладено пиво) во шишиња од 330 мл и Митос Радлер (со лимон) во шишиња и лименки од 330 мл. Во 2007 година Митос Црвено бил претставен во шишиња од 330 мл и 500 мл, но оттогаш е прекинат.

Наводи уреди

  1. Newsroom (2015-04-29). „Mythos-Olympic merger completed, says Carlsberg | eKathimerini.com“. www.ekathimerini.com (English). Посетено на 2023-07-29.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)