Мирзино јато
Мирзино јато — југословенска диско-поп група од Сараево. Групата е создадена кон крајот на 1970-тите години под влијание на германската диско група Бони Ем. Членови на Мирзино Јато биле Мирза Алијагиќ, Зузи Зумрета Миџиќ и Гордана Ивандиќ. Мирзино Јато објавиле два албума, „Шеќер и мед“ (Шећер и мед; 1979) и „Најсладок штрк“ (Најслађи роде; 1983). Сите песни за групата ги напишал Сеад Липовача од Дивље јагоде. Единствен хит на групата станала песната „Апсолутно твој“ од албумот „Шеќер и мед“.
Мирза Алијагиќ кариерата ја продолжил како бас во сараевската опера, Гордана Ивандиќ (сестра на тапанарот на Бијело дугме, Горан Ивандиќ) станала пејачка на групата Макадам.
Литература
уреди- Janjatović, Petar (2003). Ex YU rock enciklopedija. Beograd: Čigoja štampa. Архивирано од изворникот на 2018-11-16. Посетено на 2016-05-28. (на српски)