Минусна коцка

вид загатка

Минусна коцка (руски: Минус-кубик) — тридимензионална механичка загатка, варијанта на загатката 15, која се произведувала во СССР. Претставува затворена проѕирна коцка во којашто се содржани 7 мали коцкички, од кои секоја се состои од две половини во облик на буквата „П“ со различна боја. Должината на внатрешната страна од надворешната коцка е малку од двојно поголема од страната на внатрешните коцкички. Надворешната коцка не содржи осма внатрешна коцкичка, а така ослободениот простор служи за поместување на коцкичките. Цел на загатката е да се поместат коцкичките на начин, така што сите внатрешни коцкички на секоја страна од надворешната коцка образуваат иста боја.[1]

Минусна коцка
Расклопени внатрешни коцкички на минусната коцка

Во производство биле две варијанти на минусната коцка — московска и свердловска[2] — кои се разликувале по боите на коцката — бело-сива или бело-црвена — како и по ориентацијата на една од малите коцкички. Поради последното, кај московската варијанта имало 12 пати повеќе решенија, што укажува на тоа дека свердловската варијанта била 12 пати потешка за решавање.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Патент Игра-головоломка «минус-кубик» Зубряева (RU 1367992), 1983.
  2. Дубровский В. Н., Калинин А. Т. (1990). Математические головоломки — М.: Знание. ISBN 5-07-000097-7, c. 78—79.

Надворешни врски

уреди