Министерство за транспорт и врски (Финска)

Министерството за транспорт и врски (LVM, фински: liikenne- ja viestintäministeriö, шведски: kommunikationsministeriet) е едно од дванаесетте министерства што ја сочинуваат финската влада.[1] Ова министерство ја надгледува транспортната мрежа на Финска и комуникациските услуги во земјата.[2]

Буџетот на Министерството за транспорт и врски, за 2018 година бил 3.362.555.000 евра.[3] Во министерството се вработени 180 лица.

Агенции кои се во рамките на административниот дофат на министерството, се: Финската транспортна агенција, Трафи, ФИКОРА и Финскиот метеоролошки институт. Министерството е надлежно на неколку државни компании, од кои најзабележителна е Националното јавно радиодифузно претпријатие на Финска, Јле.[4]

Наводи

уреди
  1. „About the Government“. Valtioneuvosto (англиски). Посетено на 2018-03-21.
  2. „The Ministry“. Ministry of Transport and Communications. Посетено на 20 January 2017.
  3. „Valtionbudjetti.fi: talousarvioesitys 2018 visualisoituna“. Valtionbudjetti.fi. Посетено на 2018-03-21.
  4. „Administrative sector - Ministry of Transport and Communications“. www.lvm.fi (англиски). Посетено на 2017-12-02.

Надворешни врски

уреди