Министерство за природни ресурси и животна средина на Русија

Министерство за природни ресурси и животна средина на Руската Федерација е владина агенција која е во состав на Кабинетот на Русија. Ова министерство има обврска да управува со природните ресурси на земјата и да ја штити нејзината животната средина. Прв министер бил Јуриј Трутнев.[1]

Министерство за природни ресурси и екологија на Руската Федерација (Министерство за природни ресурси на Русија)
Зграда на руското Министерство за природни ресурси во Москва

Сегашен министер е Дмитриј Кобилкин кој бил поставен во мај 2018 година.[2]

Историја

уреди

Предок на Министерството за природни ресурси и животна средина била државната служба за рударство и геологија кој ја основал Петар Велики на 2 октомври 1700 година. Откако се распаднал Советскиот Сојуз, на 14 август 1996 биле создадени Министерството за животна средина и Министерството за природни ресурси. Тие биле споени за да се формира Министерството за природни ресурси и животна средина на 28 мај 2008 година.[3][4]

Активности

уреди

Министерството за природни ресурси и животна средина е одговорно за да создава и спроведува политики и регулативи кои се однесуваат на животната средина, исто така и зачувување, регенерација, шумарство и заштита на дивиот свет.Министерството е одговорно и за истражување, управување и зачувување на природните ресурси на земјата,како и управување со водоснабдувањето, развој на минерални наоѓалишта и истражување на територијата на земјата и континенталниот праг. Задолжено е и за регулирање на индустриската и енергетската безбедност и треба да ги следи сите геолошки и земјотресни активности,како и развојот на државната полиција и законската регулатива во шумарството.[5]

Одделенија

уреди
  • Федералната служба за надзор на природните ресурси (Ръководител Светлана Генадиевна Радионова)[6][7][8][9]
  • Федерална агенција за употреба на подземје
  • Федерална агенција за водни ресурси
  • Федерална служба за хидрометеорологија и мониторинг на животната средина
  • Федерална агенција за шумарство

Наводи

уреди
  1. „Ministry of Natural Resources and the Environment of the Russian Federation“. Архивирано од изворникот на 2011-05-18. Посетено на 2011-05-22.
  2. „Minister of Natural Resources of the Russian Federation“. The Russian Government. Архивирано од изворникот на 2018-05-28. Посетено на 2021-02-22.
  3. „Ministry of Natural Resources of the Russian Federation“. Архивирано од изворникот на 2011-05-11. Посетено на 2011-05-22.
  4. „Ministry of Natural Resources and Ecology: structure and objectives“ (руски). Посетено на 2011-05-22.
  5. „Ministry of Natural Resources and Environmental Protection of the Russian Federation“. Архивирано од изворникот на 2011-09-30. Посетено на 2011-05-22.
  6. „Светлана Радионова: я принимаю решения, в которые верю“. altapress.ru (руски). Посетено на 2023-05-04.
  7. „» Радионова Светлана: биография, работа, общественная позицияГород Ульяновск - новости и всё о городе“ (руски). Архивирано од изворникот на 2021-06-30. Посетено на 2023-05-04.
  8. „Руководитель Росприроднадзора Светлана Геннадьевна Радионова“. magadanmedia.ru (руски). Посетено на 2023-05-04.[мртва врска]
  9. „Радионова Светлана Геннадьевна - биография главы Росприроднадзора“. Клерк (руски). Посетено на 2023-05-26.