Министерство за земјоделство и рибарство (Португалија)

Министерство за земјоделство и рибарство (португалски: Ministério da Agricultura e Pescas) —португалско владино министерство, одговорно за спроведување на јавните политики, за надгледување на прашањата поврзани со земјоделството и сродните активности како што се шумарство, сточарство, храна и руралниот развој и рибарство.

Министерство за земјоделство и рибарство (Португалија)
Министерство за земјоделство, рурален развој и рибарство
Податоци за органот
Основан 1918
Надлежност Португалија
Мрежно место
https://www.portugal.gov.pt/pt/gc21

Историја

уреди

Министерството за земјоделство за прв пат било создадено во 1918 година. Оттогаш било укинато и повторно воспоставено под различни имиња:

  • 1918 - Министерство за земјоделство
  • 1932 - Министерство за трговија, индустрија и земјоделство
  • 1933 - Министерство за земјоделство
  • 1940 - Државен потсекретаријат за земјоделство, оддел на Министерството за економија
  • 1958 - Државен секретаријат за земјоделство, оддел на Министерството за економија
  • 1974 - Министерство за земјоделство и трговија
  • 1974 - Државен секретаријат за земјоделство, оддел на Министерството за економска кординација
  • 1974 - Државен секретаријат за земјоделство, оддел на Министерството за економија
  • 1975 - Министерство за земјоделство и рибарство
  • 1981 - Министерство за земјоделство, трговија и рибарство
  • 1993 - Министерство за земјоделство, шумарство и храна
  • 1986 - Министерство за земјоделство, рибарство и храна
  • 1991 - Министерство за земјоделство
  • 1995 - Министерство за земјоделство, рурален развој и рибарство
  • 2004 - Министерство за земјоделство, рибарство и шумарство
  • 2005 - Министерство за земјоделство, рурален развој и рибарство
  • 2011 - Министерство за земјоделство, море, животна средина и планирање
  • 2013 - Министерство за земјоделство и море
  • 2015 - Министерство за земјоделство, шумарство и рурален развој (секторот за рибарство бил интегриран во Министерството за море)
  • 2019 - Министерство за земјоделство
  • 2022 - Министерство за земјоделство и храна
  • 2024 - Министерство за земјоделство и риболов

Надворешни врски

уреди