Милош Делетиќ (роден на 14 октомври 1993 година) е професионален српски фудбалер кој игра на позицијата како десно крило. Моментално настапува за екипата на Анортозис Фамагуста и тоа како позајмен играч од грчкиот тим АЕК од Атина.[1]

Клупска кариера уреди

Почетна кариера уреди

И покрај неговата младост, Делетиќ во својата кариера успеал да игра во многу клубови, претежно од втора категорија или од пониски рангови. Во 2016 година, тој имал многу успешна сезона со екипата на Радник од Сурдулица, клуб од Српската Суперлига. Во екипата на Радник играл како крилен играч и како офанзивен играч за врска. 

АЕЛ уреди

Иако Делетиќ бил побаруван од големите клубови од Србија и Турција, сепак тој на 26 јуни 2016 година потпишал тригодишен договор со клубот на АЕЛ,[2] благодарение на помошта на поранешниот фудбалер на клубот Слаѓан Спасиќ и тогашниот технички директор Томас Кипарисис. Неговата прва сезона била доста разочарувачка, бидејќи не успеал да постигне гол на ниту еден од неговите 28 натпревари.

Делетиќ ја започнал сезоната 2017-18 како стандарден член на стартната екипа. Првиот гол за клубот го постигнал на домашен терен против екипата на Аполон од Смирнис. Голот бил постигнат во доцната фаза од натпреварот кој на крајот завршил со резултат од 1:0.[3] Речиси еден месец подоцна тој постигнал гол во победата од 2:0 на гостински терен против екипата на Ламија, освојувајќи ја и наградата МВП на натпреварот.[4] На 25 февруари 2018 година, тој се вратил на теренот по едномесечно отсуство поради повреда и го постигнал единствениот гол во победата од 1:0 против тимот на Платанијас.[5] На 5 мај 2018 година, во последниот натпревар од сезоната Делетиќ постигнал гол на нерешениот натпревар од 1:1 на домашен терен против тимот на Ламија.[6] Во таа сезона одиграл вкупно 30 натпревари, а постигнал 5 гола и остварувајќи и 5 асистенции. Со овој придонес тој му помогнал на тимот успешно да го оствари опстанокот во лигата.

Во првиот натпревар од сезоната 2018–19, Делетиќ постигнал гол со удар од далечина во победата од 1:0 против клубот на Аполон Смирнис.[7] На 20 октомври 2018 година, Делетиќ го отворил резултатот со гол во поразот на домашен терен со 2:1 против клубот на Ламија.[8] На 11 ноември 2018 година, постигнал гол во победата од 2:0 на домашен терен против екипата наПАС Џанина.[9]

На 22 ноември 2018 година, Делетиќ наводно се согласил на тригодишно продолжување на договорот, со клаузула за ослободување доколку некој тим плати сума од 500.000 евра.[10] На 9 јануари 2019 година, тој го отворил резултатот во победата на домашен терен со 3:2 против екипата на Астерас Триполис во осминафиналето од Купот на Грција.[11] На 27 јануари 2019 година, Делетиќ го постигнал израмнувачкиот гол со подобар самостоен пробив низ одбраната на екипата на Панатинаикос. Овој натпревар завршил со резултат од 1:1 и така бил освоен тој толку важен бод со десет играчи во битката за да се избегне испаѓање од лигата.[12]

АЕК Атина уреди

На 1 јули 2019 година, клубот на АЕК од Атина официјално објавил потпишување на договор со Делетиќ и тоа во траење од 3 години.[13] Тој на 29 септември го постигнал својот прв гол за клубот на гостувањето кај големиот ривал ПАОК од Солун. На тој натпревар Делетиќ влегол во игра во второто полувреме кога го претворил доброто проигрување на Петрос Манталос за израмнување на 2:2.[14]

Позајмен играч во клубот на Астерас Триполис уреди

На 31 јануари 2020 година, тој му се приклучил на Астерас Триполис за шестмесечен период како позајмен играч.[15]

Позајмен играч во клубот на Ламија уреди

На 2 октомври 2020 година, Делетиќ се приклучил на екипата на Ламија како позајмен играч, со траење до летото 2021 година, бидејќи не бил како дел од плановите на тренерот Масимо Карера.[16]

Позајмен играч во клубот на Анортозис Фамагуста уреди

На 23 јуни 2021 година, Делетиќ му се приклучил на Анортозис од Фамагуста со статус како позајмен играч и тоа до крајот на сезоната 2021-2022.

Репрезентација уреди

Делетиќ настапувал во селекцијата на Србија за У-19 (до 19 години возраст).

Статистика во кариерата уреди

Обновено на 28 Мај 2021
Клуб Сезона Лигашки натпревари Куп натпревари Континентални натпревари Други натпревари Вкупно
Лига Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови
Младеновац 2011–12 Српска прва лига 12 3 0 0 12 3
Војводина 2012–13 7 1 1 0 0 0 8 1
Напредок Крушевац 2013–14 4 0 0 0 4 0
Сагеата Наводари 2013–14 Лига I 15 2 0 0 15 2
2014–15 8 2 1 0 9 2
Вкупно 23 4 1 0 24 4
Академика Аргес 2014–15 Лига II 12 5 0 0 12 5
Јагодина 2015–16 Српска прва лига 13 0 1 0 14 0
Радник Сурдулица 2015–16 14 2 0 0 14 2
АЕЛ 2016–17 Супер Лига на Грција 26 0 2 0 28 0
2017–18 25 5 5 0 30 5
2018–19 23 5 3 1 26 6
Вкупно 74 10 10 1 84 11
АЕК од Атина 2019–20 Супер Лига на Грција 9 1 0 0 9 1
Астерас Триполис(како позајмен играч) 2019–20 9 2 0 0 9 2
Ламија (како позајмен играч) 2020–21 26 6 0 0 26 6
Вкупно во кариерата 203 34 13 1 0 0 0 0 216 35

Наводи уреди

  1. Profile at soccerway
  2. sport24.gr
  3. „Ανώτερη η ΑΕΛ πήρε σπουδαία νίκη, 1-0 τον Απόλλωνα“. www.sport24.gr. 18 November 2017.
  4. „Με Ντέλετιτς η ΑΕΛ, 2-0 στη Λαμία“. www.sport24.gr. 17 December 2017.
  5. „Επιστροφή Ντέλετιτς και ΑΕΛ στις νίκες, 1-0 τον Πλατανιά“. www.sport24.gr. 25 February 2018.
  6. „Δυο γκολ σε τρία λεπτά και ισοπαλία στη Λάρισα, ΑΕΛ-Λαμία 1-1“. www.sport24.gr. 5 May 2018.
  7. „Με οβίδα Ντέλετιτς η ΑΕΛ, 1-0 τον Απόλλωνα“. www.sport24.gr. 25 August 2018.
  8. „ΑΕΛ - Λαμία 1-2: Ιστορική ανατροπή για την ομάδα της Φθιώτιδας“. www.sport24.gr. 20 October 2018.
  9. „ΑΕΛ - ΠΑΣ Γιάννινα 2-0: Επέστρεψαν στις νίκες οι "βυσσινί' επί του αποδεκατισμένου ΠΑΣ“. www.sport24.gr. 11 November 2018.
  10. „Η ανανέωση του Ντέλετιτς και οι αποχωρήσεις στην ΑΕΛ“. www.gazzetta.gr. 22 November 2018.
  11. „ΑΕΛ - Αστέρας 3-2: Ματσάρα και γκολάρες στη Λάρισα με τους "βυσσινί" να έχουν ελαφρύ προβάδισμα πρόκρισης“. www.sport24.gr. 9 January 2019.
  12. „Παναθηναϊκός - ΑΕΛ 1-1: Ούτε με έντεκα εναντίον δέκα δεν μπόρεσαν να κερδίσουν οι πράσινοι“. www.sport24.gr. 27 January 2019.
  13. „ΑΕΚ: Στην Ένωση ο Ντέλετιτς και με το "11" στην πλάτη“. www.sport24.gr. 1 July 2019.
  14. Wood, Graham (29 September 2019). „Honours even at OAKA in yet another action-packed derby“. Agonasport. Архивирано од изворникот на 2022-01-23. Посетено на 30 September 2019.
  15. „Αστέρας: Ολοκληρώθηκε του Ντέλετιτς στους Αρκάδες“. www.sport24.gr. 31 January 2020.
  16. „ΑΕΚ: Στη Λαμία ο Ντέλετιτς“. www.sport24.gr. 2 October 2020.