Милисент Фосет
Дама Милицент Гарет Фосет (11 јуни 1847 - 5 август 1929), англиски политички водач, активистка и писателка. Била ќерка на Њусон и Луиза Гарет (моминско Данел). Како активистка за право на глас на жените, таа била умерена но се борела неуморно. Во 1897 година, таа станала претседател на Националната унија на жени со право на глас (NUWSS) и на таа функција останала до 1919 година.[1] Таа се концентрирала на подобрување на можностите на жените за високо образование, служејќи како декан на колеџот Бедфорд во Лондон[2] (сега Ројал Холовеј) и соосновач на Њунхам колеџ во Кембриџ во 1875 година. Во јули 1901 година, таа била назначена за предводник на британската владина комисија во Јужна Африка за да ги испита состојбите во концентрационен логор по Втора бурска војна. Нејзиниот извештај го потврдил она што активистката Емили Хобхаус го кажала за ужасните услови.[3] „Не можам да кажам дека станав борец за право на глас“, напишала подоцна.
Дама Милисент Фосет | |
---|---|
Роден(а) | Милисент Фосет 11 јуни 1847 Алдебург, Сафолк, Англија |
Починал(а) | Блумсбури, Лондон, Англија |
Националност | Британка |
Занимање | борец за право на глас, активистка |
Сопружник | Хенри Фосет |
Деца | Филипа Фосет |
Родители | Њусон Гарет Луиза Данел |
Наводи
уреди- ↑ Maya Oppenheim (11 June 2018). „Millicent Fawcett: Who was the tireless suffragist and how did she change women's voting rights forever?“. The Independent.
- ↑ „Fawcett, Dame Millicent Garrett [née Millicent Garrett] (1847–1929)“. Оксфордски речник на национални биографии (online. изд.). Oxford University Press.CS1-одржување: ref=harv (link) (бара Претплата или членство во британска јавна библиотека .)
- ↑ „Spartacus educational“.