Милеровиот крстопат

„Милеровиот крстопат“ (англиски: Miller's Crossing) — филм на браќата Итан и Џоел Коен од 1990 година. Главните улоги ги играат: Габриел Брн (Gabriel Byrne), Марсија Геј Харден (Marcia Gay Harden), Џон Тортуро (John Turturro), Џон Полито (Jon Polito), Алберт Фини (Albert Finney) и Дени Ајело (Danny Aiello). Филмот ја освоил наградата „Феликс“ за најдобро оригинално сценарио, а имал уште седум други номинации.[1]

Содржина

уреди

Дејствието на филмот се одвива кон крајот на 1920-тите при што се прикажуваат односите меѓу две непријателски злосторнички банди, ирската и италијанската. Двете се добро организирани и се потчинуваат на строгите патријархални правила, а имаат и свои војски. Во нивниот свет нема место за жените, па кога ќе се појави Верна (ја игра Геј Харден), таа наведува еден од криминалците да не ги почитува строгите правила, што води кон дестабилизација на воспоставениот ред и до војна меѓу бандите. За да се врати старата рамнотежа, потребно е да се отстрани причината за проблемите, а тоа е Верна...

Наводи

уреди