Микроуправувач

(Пренасочено од Микроуправувачот)

Микроуправувачот претставува компјутер на единствен чип (плоча). Тој има микрообработувач, компјутерска меморија и влезно/излезни порти — сѐ она што му е потребно за работа на еден компјутер. За разлика од личните сметачи микроуправувачите користат слаби обработувачи со брзина од неколку мегахерци што е сосема доволна за нивните потреби. Исто така трошат многу малку електрична енергија а кога не вршат никаква работа имаат можност да мируваат односно да не трошат воопшто енергија.

Изглед на микроуправувач

Главната намена на микроуправувачите е во автоматиката, односно при производството на автоматски производи и уреди како автоматските системи во автомобилите, далечински управуваните уреди, индустриски и канцелариски машини, најразлични уреди и играчки. Наоѓајќи ја оваа примена и благодарение на нивната ниска цена поради малите потреби од обработувачи и мемории, на микроуправувачите отпаѓа најголемиот дел од производството на микрообработувачи, а се разбира претставува и огромен бизнис.

Историја

уреди

Историјата на Микроуправувачите е тесно поврзана со историјата на микрообработувачите. Првиот микроуправувач е произведен во 1974 година од компанијата Тексас Инструментс а тоа е TMS1000. Набрзо потоа и Интел излегува со свој 8-битен микроуправувач а тоа е Интеловиот 8048.

PIC (управувач со програмабилен интерфејс) управувачите потекнуваат од 1985 година. Тие користат Харвард Архитектура и Reduced Instruction Set(Намален Сет од инструкции). Ги произведува фирмата Микрочип и денес се едни од најчесто користените микроуправувачи.

Вградени системи

уреди

Во еден микроуправувач се вметнати следните системи:

  • микрообработувач - спрема потребите имаме различни видови на обработувачи движејќи се од најстарите и најпрости 4-битни обработувачи па сè до најновите и најсложени 64-битни обработувачи.
  • сериски влезно/излезни порти
  • други идови на сериска комуникација
  • додатни уреди како тајмер и слично
  • компјутерска меморија од најразлични видови (РАМ,РОМ,ЕПРОМ,ЕЕПРОМ)
  • аналогно-дигитални претворувачи

Структурата на микроуправувачите е многу различна и многу варира во зависност од потребите. Бидејќи наоѓаат примена во најразлични области и нивната градба им е најразлична. Честопати производителите оставаат можности на корисниците сами да си ги одберат деловите и уредите кои ќе ги приклучат.

Средини на програмирање

уреди

Микроуправувачите првично се програмираа преку асемблер, меѓутоа со развојот на посовремените програмски јазици и програмирањето на овие управувачи се врши со тие јазици.

Развиени се и програмски пакети посебно за користење при програмирање на микроуправувачи. Тие обично ја носат наставката "микро" пред името на програмскиот јазик.

Видови и производители

уреди
  • AMCC
  • Altera
  • Analog Devices
  • Atmel
  • Charmed Labs
  • Cypress MicroSystems
  • Dallas Semiconductor
  • EPSON Semiconductor
  • Freescale Semiconductor
  • Fujitsu
  • Holtek
  • Infineon
  • Intel
  • Lattice Semiconductor
  • Microchip Technology
  • National Semiconductor
  • NEC
  • Parallax
  • Philips Semiconductors
  • Rabbit Semiconductor
  • Renesas Technology
  • Silabs
  • Silicon Motion
  • STMicroelectronics
  • Texas Instruments
  • Toshiba
  • Western Design Center
  • Ubicom
  • Xemics
  • Xilinx
  • ZiLOG