Микроспорангија
Микроспорангија е спорангија која произведува спори кои доведуваат до раст на машките гаметофити.
Микроспорангиите се карактеристични за растението селагинела, како и кај некои видови папрат.
Кај голосемениците и скриеносемениците, микроспорангиите произведуваат микроспороцити, познати како мајчини микроспорни клетки, кои потоа преку мејоза создаваат четири микроспори.[1] Микроспорите со делба ги формираат поленовите зрна.
Терминот не се користи за мововите (Bryophytes).