Миење на нозете на учениците — настан од Новиот завет, кога Исус им ги миел нозете на своите ученици на Тајната вечера, а исто така и верски обред, што го наследиле со различни христијански деноминации.

Исус им ги мие нозете на учениците.

Англиското име за овој обред е „Maundy“, што доаѓа од латинскиот збор „mandatum“ од песната што се пее за време на обредот на миење на нозете: „Mandatum novum do vobis ut diligatis invicem sicut dilexi vos“ („Нова заповед ви давам, да се љубите еден со друг; како Јас што ве возљубив, така и вие да се љубите еден со друг.“ (Јв. 13,34)[1], а од латинскиот облик на Христовата заповед да ја подражаваме Неговата понизност со љубов при миење на нозете:

„Ако, пак, Јас, Господ и Учител, ви ги измив нозете, тогаш и вие сте должни еден на друг да ги миете нозете. Затоа ви дадов пример да правите и вие така, како што ви направив Јас. Вистина, вистина ви велам: нема слуга поголем од својот господар, ниту пратеник поголем од оној што го пратил. Кога го знаете ова, блажени сте, ако го извршувате.“(Јован 13, 14-17).[1]

Многу деноминации (вклучувајќи ги англиканците, лутеранците, методистите, презвитеријанците и католиците) затоа вршат литургиско миење на нозете на Велики четврток од Страсната седмица. Згора на тоа, за некои деноминации, миењето на нозето било пропис. Многу групи низ црковната историја и многу современи деноминации практикувале миење на нозете како уредба на Црквата, вклучувајќи ги адвентистите, анабаптистите, баптистите и пентекосталците.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Свето евангелие според Јована“. Свето писмо. Посетено на 28 октомври 2024.