Меѓународни стандарди за финансиско известување

Меѓународните стандарди за финансиско известување (англиски: International Financial Reporting Standards, IFRS) — меѓународни сметководствени стандарди, објавени од Меѓународниот одбор за сметководствени стандарди (International Accounting Standards Board, IASB).

Историја

уреди

Во 1973 година бил основан Меѓународниот комитет за сметководствени стандарди (International Accounting Standards Committee, IASC) врз основа на спогодбата склучена меѓу професионалните сметководствени здруженија од неколку земји, како: САД, Британија, Германија, Франција и Јапонија. Во 2001 година била извршена реорганизација и овој комитет бил заменет со Меѓународниот одбор за сметководствени стандарди во кои денес членуваат повеќе од 100 земји кои истовремено се членки на Меѓународната федерација на сметководителите (International Federation of Accountants). Тогаш, меѓународните сметководствени стандарди биле именувани меѓународни стандарди за финансиско известување, кои денес имаат широка употреба ширум светот. Така, многу берзи им дозволуваат на странските фирми да ги користат меѓународните стандарди наместо домашните сметководствени стандарди (Аргентина, Малезија, Шпанија), некои берзи им дозволуваат на домашниет фирми да ги користат меѓународните стандарди (Полска, Словенија, Јужна Африка), а на некои берзи дури и домашните фирми мора да ги користат меѓународните стандарди (Кипар, Австрија, Естонија, Чешка). Пресудниот чекор во примената на меѓународните стандарди бил направен во 2008 година, кога американската Комисија за хартии од вредност го објавила планот за прифаќање на меѓународните стандарди од сите американски фирми кои котираат на берзите.[1]

Наводи

уреди
  1. J. Ashok Robin, International Corporate Finance. New York: McGraw-Hill/Irwin, 2011, 377-378.