Меѓународна федерација на новинари

Меѓународната федерација на новинари — глобален сојуз на новинарски синдикати. Организацијата има за цел да ги заштити и зајакне правата и слободите на новинарите. Исто така е посветена да работи на полето на солидарноста, социјалната правда, работничките права, глобализацијата, демократијата, човековите правa и да се бори против сиромаштијата и корупцијата.

Денес, МФН претставува околу 600,000 членови во повеќе од 100 држави.[1] Седиштето се наоѓа во Брисел, Белгија. Службени јазици се англиски, француски и шпански.

Наводи

уреди
  1. „Mission Statement: IFJ“. Архивирано од изворникот на 2016-06-22. Посетено на 2016-06-27.