Меѓународен музеј на Црвен крст и Црвена полумесечина

Меѓународниот музеј на Црвен крст и Црвена полумесечина е музеј кој се наоѓа во Женева, Швајцарија.

Меѓународен музеј на Црвен крст и Црвена полумесечина
Карта
Основан1988; пред 36 години (1988)
МестоАвенија на мирот 17, Женева, Швајцарија
Координати46°13′38″N 6°8′13″E / 46.22722° СГШ; 6.13694° ИГД / 46.22722; 6.13694
Типмузеј
Мреж. местоhttps://www.redcrossmuseum.ch/en/

Заднина

уреди

Меѓународниот музеј на Црвен крст и Црвена полумесечина поставува централно прашање: како хуманитарната акција влијае на сите нас, овде и сега? Со цел да размислиме за ова прашање со нашите посетители, ги покануваме уметниците и културните партнери да ги испитаат прашањата, вредностите и моменталната состојба на хуманитарните акции и помош. Така, отворено, агилно и топло ова место се наметнува како место за сеќавање, создавање и дебата. Преку прикажување на оригинални уметнички содржини и развој на амбициозни партнерства во Швајцарија и во целиот свет, музејот придонесува за доближување на Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина и на Женева.

Мисијата на Меѓународниот музеј на Црвениот крст и Црвената полумесечина е да го промовира разбирањето на историјата, актуелните настани и предизвиците на хуманитарната помош пред широката публика во Швајцарија и ширум светот, преку поттикнување на современото уметничко творештво и развивање иновативни содржини со јавни и приватни партнери од многу различни потекла и култури. На тој начин, тој претставува и го подобрува уникатното наследство, истовремено стимулирајќи широк социјален, културен и економски екосистем во кој тој игра централна улога.

Изложбата наречена „Хуманитарната авантура“ претставува три современи проблеми низ три различни простори; секој создаден од различен архитект: одбрана на човечкото достоинство (Гринго Кардија, Бразил), Реконструкција на семејните врски ( Диебедо Френсис Кере, Буркина Фасо), Намалување на природните ризици ( Шигеру Бан, Јапонија).

Ги потикнува посетителите на стекнување знаење и размислување, самата поставка на музеографијата внесува нова димензија во своите поставки а тоа е емоцијата. Како што влегуваат во секоја од трите тематски области, посетителите се поканети да се вклучат во искуствено градење на свест дури и пред да ја откријат информативната содржина на областа.

Дванаесет сведоци ја следат главната нишка на „Хуманитарната авантура“. Тие најпрво ги пречекуваат посетителите во сценографски апарат, а потоа ги придружуваат на нивната обиколка на изложбата во просториите. Сведоците се таму за да не потсетат дека човечките односи се во срцето на сите хуманитарни акции.

Покрај постојаната поставка, Музејот секоја година прикажува три привремени изложби. Целта на Музејот е да создаде простор каде што широк спектар на гласови ќе бидат внесени во дискусијата и дебатата за она што се случува во рамките на Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, културната сцена и секојдневниот живот. Од 2021 година, тој исто така се фокусира на годишна тема. Во 2021 година ја инаугурирале својата прва тематска година со наслов „Род и различност“.

Галерија

уреди

Наводи

уреди