Меѓународно право

(Пренасочено од Меѓународен закон)

Поимот за меѓународното право има различни сфаќања, меѓутоа се подразбира дека се однесува на регулирањето односите мегу држави или народи во меѓународната заедница. Денес во науката и практиката на меѓународното право сретнуваме два вида, односно две правни гранки, тоа се:

  1. меѓународно јавно право, и
  2. меѓународно приватно право

Меѓународното јавно право претставува збир на правни норми и правила / принципи со кои се регулираат односите на поедините држави во светот, или меѓународни организации и држави односно меѓународни организации и меѓународни организации. Субјектите на правото се држави и меѓународни организации, а во поново време и човечките права и права на народите се вклучуваат во оваа гранка на меѓународното право.

Меѓународното приватно право исто така претставува збир на правни норми со кои се регулираат граѓанско-правните односи помеѓу поедниците од различни држави.

Литература уреди

  • Игор Јанев, Мегународно право и мегународни односи, Институт за политички студии, Белград, 2012, ISBN 978-86-7419-244-3
  • Игор Јанев, Дипломатија, Институт за политички студии, Белград, 2013, ISBN 978-86-7419-261-0