Мешестотрепчести црви

  1. F0DC82"
  1. F0DC82"
Мешестотрепчести
Фотографија на гастротриха.
colspan=2 style="text-align: center; background-color:
  1. F0DC82" | Научна класификација
Царство: Animalia
Потцарство: Eumetazoa
Натколено: Platyzoa
Нерангирано: Bilateria
Колено: Gastrotricha
Metschnikoff, 1864
colspan=2 style="text-align: center; background-color:
  1. F0DC82" | Редови

Macrodasyida
Chaetonotida

Мешестотрепчестите црви или гастротрихи (Gastrotricha) се микроскопски без‘рбетници (најчесто 0,5 до 4 mm во должина) и се обично безбојни. Тие се слободни форми кои живеат во водна средина (морска или слатководна) и се хранат со најразлична жива или мртва органска материја, односно со честички кои можат да се протнат во нивните усти со помош на четирите прамени од пулсирачки цилии на главата. Овие животни живеат многу кратко, од 3 до 21 ден, и не се многу економски важни, иако се дел од синџирите на исхрана на водните организми. Поседуваат од 2 до 250 адхезивни цевки на постериорниот дел од телата кои им помагаат при прикачувањето за растителността или нешто друго. Постојат околу 400 видови познати на науката, што укажува на тоа дека ова е мал тип.

До неодамна, мешестотрепчестите црви се сметаа за класа во веќе непостоечкиот и неприроден тип Nemathelminthes. Денес тие се посебен тип во наттипот Platyzoa.