Металургија

наука за металите
(Пренасочено од Металург)
Металургија

Процес на топење на злато
Гранки
Област
Област
Област
Поделба
Основна
Основна
Според т.п.
Според т.п.
Според т.п.
Подпроцеси
Подпроцеси
Преработка (фото)

Изливање на злато

Металургија — наука за металите како и за процесите на добивање и преработка на металите и нивните соединенија, соли и отпадни материјали. Исто така металургија е една од главните гранки на индустрија. Металургија опфаќа рафинација, производство на легури, обликување, оплеменување, проучување на структура, состав и особина на металите. Според видови на метали кои се произведуваат се дели на црна металургија (добивање на железо и челик) и обоена металургија (добивање на сите останати метали). Постои екстрактивна и преработувачка металургија.

Иако во Земјината кора постои обилна количина на метали, повеќето од нив не се наоѓаат во облик погоден за човечка употреба. Во голем дел тие се наоѓаат во комбинација со атоми на неметали во различни соединенија, како што се, сулфиди, оксиди, карбонати итн. Прв чекор на добивање на метали во употреблив облик е ослободување на металите од нивните соединенија. Со тие процеси се занимава екстрактивна металургија. Дури и после топењето, рафинацијата и легирањето, металите се само делумно обработени за финална употреба.

Метали, кои се користат секојдневно како што се фасонка, федер, сврдло итн., имаат посебен облик. Со оваа гранка - за обликување на метали - се занимава механичка металургија. За обликување на металите се користат бројни постапки како што се тркалање, пресување, ковање, извлекување итн. Понекогаш огромни машини, тешки и по неколку тони, им даваат на металните предмети, како што се на пример железните шини, цевки и лимови завршен облик.

Физичка металургија се занимава со контрола на процесите со помош на различни методи и тестови. Таа ги истражува важните теориски и практични принципи на однесување на металите во различни услови со употреба на хемија, физика, термодинамика итн. Со тоа воедно се постигнуваат и оптимални производни параметри на посакуваниот квалитет и облик. физичката металургија исто така ја истражува внатрешната структура на цврстите метали која во голем дел ги одредува механичките и останатите својства, и прави можност за нивно предвидување и планирање. Исто така ги истражува и објаснува рамнотежните и нерамнотежните дијаграми на состојбата на маталите, како и принципите на легирање кои со теориско значење наоѓаат и директна примена во пракса.

Поделба

уреди

Најпознатата и најчеста поделба на металургија е на:

Историја

уреди

Бакарно време

уреди

Бронзено време

уреди

Железно време

уреди

Екстрактивна металургија

уреди

Легура

уреди

Топлотна обработка

уреди

Спојување на металите

уреди

Механичка металургија

уреди

Ковање

уреди

Металургија на прав

уреди

Физичка металургија

уреди

Металографија

уреди