Метално сиромашна ѕвезда збогатена со јаглерод

Метално сиромашна ѕвезда збогатена со јаглерод (наречена CEMP-ѕвезда, од анг. carbon-enhanced metal-poor star) — класа на хемиски необични ѕвезди. Имаат [C/Fe] > +1, што значи дека во споредба со Сонцето, овие ѕвезди се барем десетпати побогати со јаглерод отколку со железо, а [Fe/H] < -1, што значи дека имаат барем десетпати помалку железо од Сонцето.

Овие ѕвезди се делат на класи поред тоа дали се збогатени елементите од r-процесот или s-процесот. Оние од класата CEMP-no не се збогатени. Меѓу нив се најстарите ѕвезди во Млечниот Пат. Другите класи се CEMP-r, CEMP-s и CEMP-r/s.[1][2] Слабометалните ѕвезди имаат поголема веројатност да бидат CEMP-ѕвезди, и штом [Fe/H] < -5,0, тогаш сите ѕвезди ќе станат CEMP-ѕвезди.[1]

Класи

уреди
  • CEMP-r — имаат [Eu/Fe] > +1 и [Ba/Eu] < 0.[1]
  • CEMP-s — имаат [Ba/Fe] > +1 и [Ba/Eu] > +0,5[1] 80 % од CEMP--ѕвездите отпаѓаат на оваа категорија.[1]
  • CEMP-r/s — имаат [Ba/Eu] помеѓу 0 и +0,5 што значи дека се под нивото за CEMP-s ѕвезди.[1]
  • CEMP-no — имаат [Ba/Fe] < 0,[1] Околу 20 % од CEMP-ѕвездите отпаѓаат на категорија.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 Catherine r. Kennedy (29 мај 2014). „Carbon-Enhanced Metal-Poor Stars in the Milky Way“ (PDF). Canberra. Архивирано од изворникот (PDF) на 19 октомври 2015. Посетено на 18 декември 2016.
  2. Carollo, Daniela; Freeman, Ken; Beers, Timothy; Placco, Vinicius; Tumlinson, Jason; Martell, Sarah (20 јуни 2014). „Carbon-Enhanced Metal-Poor Stars: CEMP-s and CEMP-no Sub-Classes in the Halo System of the Milky Way“. The Astrophysical Journal. 788 (2): 180. arXiv:1401.0574. Bibcode:2014ApJ...788..180C. doi:10.1088/0004-637X/788/2/180. S2CID 59932382.