Единица мерка

(Пренасочено од Мерка)

Во физиката и техниката, единиците мерки (единици на физичките величини, единици на измерувањето) се користат за стандардизирано претставување на резултатите од мерењата. Бројната вредност на физичката величина се претставува како однос на измерената вредност со некоја стандардна вредност, која се јавува како единица мерка. Бројот кој укажува на единицата мерка се нарекува именуван.

Се разликуваат основни единици мерки, кои се определуваат со помош на еталони, и производни (изведени) единици мерки кои се определуваат со помош на основните. Изборот на величини и количествата на основните единици може да биде произволен и да се определува според традицијата или согласноста. Постојат многу различни единици мерки кои се разликуваат по изборот на основните единици мерки.

Државата, како по правило, воспоставува какви било системи на единици. Метрологијата непрекинато работи на подобрување на постоечките единици мерки и основните единици и еталони.