Меристем е ткиво во повеќето растенија кое се состои од недиференцирани клетки (меристемски клетки), кое се наоѓа во зоните каде се случува растот на растенијата.

меристемски слоеви

Терминот меристем за првпат бил употребен во 1858 година од страна на Карл Вилхелм фон Негели (1817–1891) во неговата книга Beiträge zur Wissenschaftlichen Botanik.[1] Доаѓа од грчкиотт збор меризеин (μερίζειν), што значи да се подели, што всушност претставува негова функција.

Според потеклото разликуваме примарен и секундарен мериистем.

Наводи

уреди
  1. Galun, Esra (2007). Plant Patterning: Structural and Molecular Genetic Aspects. World Scientific Publishing Company. p. 333. ISBN 9789812704085