Мерир или Мелиели (англиски и сонсоролски: Merir) е мал остров во сојузната држава Сонсорол во Палау.

Мерир
Merir
Сателитска снимка на Мерир.
Географија
АрхипелагЈугозападни Палауански Острови
Површина0,9 км2
Највисоко место11 м
Држава
Сонсорол
Демографија
Население0 (2018)

Географија

уреди

Мерир е мал остров, дел од групата на Југозападни Палуански Острови. Вкупната површина на островот е 0,9 км2. Денес овој остров не е населен поради евакуацијата за време на тајфунот од 2012 година. На островот има напуштено село познато како Мелиели, кое пак се наоѓа на северозападната страна и таму имало радио станица.

Островот е прекриен со густа шума и на бреговите има плажи. Целиот остров е опколен од корален гребен.

Сонсорол се наоѓа на 110 км оддалеченост на северозапад, а островот Пуло Ана на 50 км.

Историја

уреди

Првите европски записи за островот датираат од ноември 1710 година. Тогаш на островот пристигнала шпанската мисионерска експедиција под раководство на Франсиско Падилја.[1]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Rienzi, M.L. Historia de la Oceanía, o quinta parte del mundo, Barcelona, 1845-1846, vol.2, p.78

Поврзано

уреди

4°19′N 132°19′E / 4.317° СГШ; 132.317° ИГД / 4.317; 132.317