Менаџмент на приходи
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Менаџмент на приходи
уредиВо практиката, менаџментот на приходи, познат и како менаџмент на приноси вклучува поставување на цените во согласност со предвидените нивоа на побарувачка меѓу различните пазарни сегменти. Најмалку осетливиот сегмент на цени е првиот во кој би се алоцирал капацитетот, затоа што потрошувачите би платиле највисока цена,додека другите сегменти следат прогресивно според помалите цени. Бидејќи сегментите кои плаќаат најмногу често се резервираат многу малку време пред фактички да ја користат услугата, во тој случај компаниите треба да имаат дисциплиниран приод во чувањето на капацитетот за таквите потрошувачи отколку да им продаваат на оние кои ќе дојдат први.
Добро дизајниран систем на менаџмент на приходи може да предвиди со реална приближност колку потрошувачи ќе користат одредена услуга во одредено време при различни нивиа на цени, и потоа да блокира значаен дел од капацитетот при секое ниво. Софистицираните компании употребуваат сложени математички методи за таа цел и вработуваат менаџери за приходи кои треба да донесат одлуки за распоредување на капацитетот.
Наводи
уреди- Christopher Lovelock, Jocher Wirtz, Services Marketing, Prentice Hall-New York 2004: p. 124-139
- Aurelio G. Mauri, "Yield Management and Perceptions of Fairness in the Hotel Business", International Review of Economics, Vol. 4, n. 2, 2007, pp. 284–293.