Мемоар (од Француски: mémoire од Латински: memoria, што значи меморија или реминисценција) — повест или запис составен според сопствени забележувања и искуство. Тесно поврзан со автобиографијата, мемоарот од неа се разликува, пред сè, според поголемиот акцент на надворешните настани. За разлика од пистаелите на автобиографии кои, првенствено, се занимаваат со себе како тема, писателите на мемоари обично учествувале или внимателно ги следеле историските настани, и нивна главна цел е опишување или толкување на тие настани.[1]

Цезарови мемоари за Галската војна, издание од 15 столетие (околу 1469)

Наводи

уреди
  1. Британика Енциклопедиски Речник. Топер, МПМ, 2005, Книга 6, стр. 99