Мекмердоов Леден Гребен

Мекмердоов Леден Гребен (англиски: McMurdo Ice Shelf) — дел од Росовиот Леден Гребен ограничен од заливот Мекмердо и Росовиот Остров на север и стрмнината Мина на југ. Изучувањата покажале дека овој гребен има прилично поикакви особености од Росовиот Леден Гребен и затоа треба да добие свое име. По иследувањата од 1962–63 г. е предложено име за ледениот гребен меѓу Росовиот Остров, Кафеавиот Полуостров, Црниот и Белиот Остров. Под ова име е опфатен и соседниот леден гребен јужно од стрмината Мина.[1]

Подрачјето околу базата „Скот“ и станицата „Мекмердо

Во март 2010 г. додека научниците правеле слики од долна страна на гребенот нашле жив разноног рак од семејството на ченгеларите (Lysianassidae).[2]

Наводи уреди

  1. „McMurdo Ice Shelf“. Информативен систем за географски називи, Геолошки топографски институт на САД. (англиски)
  2. „NASA discovers life hidden 600 feet below Antarctic ice“. CNN. Архивирано од изворникот на 2020-11-09. Посетено на 16 март 2010.

78°S 167°E / 78° ЈГШ; 167° ИГД / -78; 167

  Оваа статија содржи материјал во јавна сопственост од Геолошкиот топографски институт на САД (USGS) — документ: „Мекмердоов Леден Гребен“ (содржини од Информативниот систем за географски имиња). (англиски)