Машина
(Пренасочено од Машинерија)
Машина — механичка направа која користи енергија за правење контролирани движења заради извршување некоја посакувана активност. Машините може да ја добиваат енергијата од животните, од луѓето, од природните сили (вода, ветар), електрична енергија, топлинска енергија и се состојат од систем на механизми преку влезната енергија се претвора во излезен резултат. Исто така, машините може да бидат опремени со сензори или компјутери со кои се контролира работењето на машините.
Историски развој
уредиРенесансните философи разликувале шест едноставни машини кои претставувале основни направи кои влезната енергија ја претвораат во движење при што го пресметале односот меѓу излезната и влезната сила, денес познат како механичка предност.[1]
Видови машини
уредиМашината како тема во уметноста и во популарната култура
уреди- „Исповед на машината за читање“ — песна на полската поетеса Вислава Шимборска.[2]
- „Како што врти машината“ (англиски: As The Machine Rolls On) — песна на британската хард-кор група „Напалм дет“ (Napalm Death) од 1987 година.[3]
- „Бес против машината“ (англиски: Rage Against The Machine).[4]
- „Нова машина“ (англиски: New Machine) - песна на американската музичка група „Таксидомун“ (Tuxedomoon) од 1978 година.[5]
Наводи
уреди- ↑ Usher, Abbott Payson (1988). A History of Mechanical Inventions. USA: Courier Dover Publications. стр. 98. ISBN 978-0-486-25593-4. Архивирано од изворникот 2016-08-18.
- ↑ Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 403-404.
- ↑ Discogs, Napalm Death – Scum (пристапено на 3 февруари 2021)
- ↑ Rage Against The Machine – Rage Against The Machine (пристапено на 11.2.2021)
- ↑ DISCOGS, Tuxedomoon – No Tears (пристапено на 9.5.2021)