Мачето по име Вуф

„Мачето по име Вуф“ е збир на советски анимирани филмови на Лев Атаманов. Последната епизода била направена по смртта на Лев Атаманов.

Сценаријата се напишани според истоимените приказни на Григориј Остер. Цртаниот филм раскажува за авантурите на едно маче со невообичаено име Вуф и неговиот пријател, кучето Шарик. Мачето постојано го има во смешни ситуации и влегува во авантура веднаш штом ќе ја напушти куќата. Тоа исто така знае како правилно да дели колбаси, зошто е потребен тајниот јазик и зошто треба да се плашите од грмотевици.

Цртаниот филм го акцентира вистинското пријателство, ја илустрира грижата на возрасните за помалите и послабите.

Во јули 2017 година, компанијата Сојузмултфилм објавила дека ќе има продолжение на цртаниот филм. Од тогаш поминале три години, но не добиле други известувања.

Историја на создавањетоУреди

Нјапрво мачето Вуф требалo да биде црвено и да не биде расно, но подоцна карикатуристот Леонид Швартсман одлучил да го направи мачето чистокрвно од сијамска раса [1].

Објавена серијаУреди

  • Маче по име Вуф (број 1) (1976)
  • Маче по име Вуф (број 2) (1977)
  • Маче по име Вуф (број 3) (1979)
  • Маче по име Вуф (број 4) (1980)
  • Маче по име Вуф (број 5) (1982)

НаводиУреди