Маченик

(Пренасочено од Маченици)

Маченик е лице што доброволно страда до смрт не сакајќи да се откаже од својата вера. Подготвеноста за мачеништво бил колективен идеал во стариот јудаизмот, особено во ерата на макабите и неговата важност продолжува во модерните времиња. Римскиот католицизам го смета страдањето на мачениците како тест за нивната вера. Многу светци од раната црква поднесувале мачеништво за време на прогонствата од римските цареви. Мачениците не треба да прават чуда за да бидат канонизирани. Во исламот се мисли дека мачениците опфаќаат две групи на верност:оние убиени во светата војна и оние убиени неправедно. Во будзмот, бодисатвата се смета како маченик бидејќи доброволно го одложува просветувањето за да им го олесни страдањето на други. [1]

Светата великомаченичка Злата Мегленска е најпочитуваниот македонски новомаченик

Наводи

уреди
  1. Британика Енциклопедиски Речник. Топер, МПМ, 2005, Книга 6, стр.78