Масовно паралелна архитектура

Масивно паралелнa архитектура е термин кој се користи за означување на употреба на голем броj компјутерски процесори (или посебни компјутери) за истовремено извршување на сет координирани пресметки паралелно. Графичките процесори (GPU) се масовно паралелна архитектура која поддржува десетици илјади нишки.

Еден пристап е мрежното пресметување, каде што процесорската моќ на многу компјутери дистрибуирани во различни административни домени се користат опортунистички секогаш кога компјутерот е достапен.[1] Пример за тоа е BOINC, волонтерски базирана мрежа. [2]

Друг пристап е групирање на многу процесори во компјутерски кластер . Во ваква централизирана системска архитектура, брзината и флексибилноста на меѓусебното поврзување (интерконекцијата) стануваат многу важни, а современите суперкомпјутери користат различни пристапи, од подобрени InfiniBand системи до тридимензионални торус интерконекции.[3]

Терминот се однесува и на масовно паралелни процесорски низи (MPPAs), тип на интегрирано коло со низа од стотици или илјадници централни процесорски единици (CPU) и банки со меморија со случаен пристап (RAM). Овие процесори ја пренесуваат работата еден на друг преку реконфигурабилна интерконекција на канали. Со искористување на многу процесори кои работат паралелно, MPPA чипот може да процесира многу потешки задачи споредено со конвенционалните чипови. MPPA се базирани на софтверски паралелно програмски модел за развој на апликации со високи перформанси во вградливи системи.

Goodyear MPP е рана имплементација на масовнона паралелна компјутерска архитектура. Од ноември 2013 година, суперкомпјутери (supercomputer) имплементирани со MPP архитектурите се втори по распространетост, после кластерите.[4]

Складиштата на податоци како Teradata, Netezza или PDW на Microsoft вообичаено имплементираат MPP архитектура за паралелно да управуваат со обработката на многу големи количини на податоци.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Grid computing: experiment management, tool integration, and scientific workflows by Radu Prodan, Thomas Fahringer 2007 ISBN 3-540-69261-4 pages 1–4
  2. Parallel and Distributed Computational Intelligence by Francisco Fernández de Vega 2010 ISBN 3-642-10674-9 pages 65–68
  3. Knight, Will: "IBM creates world's most powerful computer", NewScientist.com news service, June 2007
  4. „Archived copy“. Архивирано од изворникот на 6 December 2013. Посетено на 12 January 2014.CS1-одржување: архивиран примерок како наслов (link)