Масакр во Мехомиско (1923)
Масакр во Мехомиско — злосторство извршено од четници на Тодор Александров врз македонски селани од Разлошко (Мехомиско), Пиринска Македонија, во месец октомври 1923 година.[1]
Во 1923 година, од страна на ВМРО Автономистичка се ликвидирани голем број македонски дејци, активисти и револуцоинери од Пиринска Македонија.[2] Додека во месец октомври заедно се застрелани тројца селани од Разлошкиот крај бидејќи тие одбивале да ја признаат ВМРО Автономистичка на Тодор Александров и Александар Протогеров, како возобновителна организација на ВМРО.[1]