Марш за свеченото крунисување

Марш за свеченото крунисување во ре-дур, TH 50, ČW 47, ― оркестарско дело на Пјотр Илич Чајковски нарачано од градот Москва за крунисувањето на императорот Александар III во 1883 година. Напишано било во март 1883 година и за прв пат изведено на 4 јуни [с.с. 23 мај] 1883 година во паркот Соколники во Москва, под диригентство на Сергеј Танеев.[1] Музиката вклучуваше извадоци од химната Боже, чувај го Царот!. Снимките на ова дело обично траат помеѓу 5 и 5½ минути.

Први настапи

уреди

Премиерата во Санкт Петербург 10 јануари 1885 [с.с. 29 декември 1884 година, под диригентство на Ханс фон Булов.[1]

Премиерата во Соединетите Држави била на 5 мај 1891 година, за концертот на отворањето на Карнеги Хол, под диригентство на самиот Чајковски.[1]

Модерни изведби

уреди

За време на СССР, руските изведби и снимки на музиката биле ревидирани за да се изостават извадоците од царската државна химна, заменувајќи ја со тематски материјал користен претходно во маршот. Други дела што ја цитирале или на друг начин ја користеле химната, како што се „Словенски марш“ Чајковски и „Увертирата од 1812 година“, исто така биле ревидирани, поради службената советска забрана за химната.[2]

Започнувајќи со инаугурацијата на Дмитри Медведев во 2008 година, скратена верзија на ова дело била свирена за време на инаугурацијата на рускиот претседател што го придружува влезот на идниот претседател. Оваа верзија трае помалку од две минути, и така завршува многу пред свирењето во ова парче од царската химна, Боже, чувај го Царот!. За разлика од другите големи композиции на Чајковски, Маршот за крунисување нема опусен број.[1] Нему му се дадени алтернативните ознаки на TH 50[3] и ČW 47.[4]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Tchaikovsky Research: Coronation March (TH 50)
  2. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 10 јули 2006. Посетено на 4 јануари 2021.
  3. Alexander Poznansky & Brett Langston, The Tchaikovsky Handbook, Vol. 1 (2002) Tchaikovsky Research: The Tchaikovsky Handbook
  4. Polina Vaidman, Liudmila Korabel’nikova, Valentina Rubtsova, Thematic and Bibliographical Catalogue of P. I. Čajkovskij's Works (2006), and P. I. Čajkovskij. New Edition of the Complete Works (1993–date)

 

Надворешни врски

уреди