Марша Ј. Бергер (родена 1953 година) — американски компјутерски научник. Нејзините области на истражување вклучуваат бројчена анализа, пресметковна динамика на флуиди и паралелно пресметување со високи перформанси.

Образование

уреди

Бергер доби диплома по математика од Њујоршкиот Државен универзитет во 1974 година. Таа заминала за да магистрира и да докторира компјутерски науки на Стенфорд универзитетот во 1978 и 1982 година, соодветно.[1]

Кариера и истражување

уреди

Истражувањето на Бергер вклучува паралелно пресметување со високи перформанси, бројчени анализи и пресметковна динамика на флуиди. Поточно, таа развила софтверски и инженерски апликации за вселенско летало и авионската индустрија. Бергер работела во Аргон националната лабораторија, како научен програмер, откако дипломирала на СУНИ. Нејзините специфични обврски вклучуваат развивање на модели за Одделот за Енергија и Системи за Животна Средина. За време на нејзиното работење во Стенфорд, таа се поврзала со Стенфорд линеарниот акцелераторски центар. По докторирањето, таа започнала да работи во Курант институтот за математички науки на Њујоршкиот универзитет, како член на факултетот. Бергер работела како заменик директор на Курант Институтот и сè уште работи како едукатор во НЈУ.[1]

Награди и признанија

уреди

Бергер била добитник на Претседателската награда за млад истражувач, благодарение на Националната Научна Фондација, во 1988 година. Добила уште една награда од НСФ во 1991 година, овој пат Факултетска награда за жени. Во 2002 година, Бергер ја добила наградата НАСА софтвер на годината за Cart3D. Во 2000 година Бергер била избрана во Националната Академија на науките.[2] Во 2004 година, таа ја добила наградата ИЕЕЕ Сидни Фернбах. Во 2005 година Бергер била избрана во Национална академија за инженерство.[3] Таа е една од двајцата добитници на Норберт Винер наградата за 2019 година, за применета математика.[4] Покрај тоа, Бергер е соработник на Друштвото за индустриска и применета математика.[5]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Wayne, Tiffany K. (2011). American Women of Science since 1900. Santa Barbara, CA: ABC-CLIO. стр. 235–236.
  2. „NYU professor Marsha Berger elected to National Academy of Science“. EurekAlert!. Архивирано од изворникот на 2018-09-17. Посетено на 2018-12-25.
  3. „Professor Marsha J. Berger“. NAE Website.
  4. „Marsha Berger and Arkadi Nemirovski Will Each Receive the 2019 Wiener Prize“, News, Events and Announcements, American Mathematical Society, November 30, 2018
  5. „SIAM Fellows“. fellows.siam.org.