Мартовски Иди
Мартовските Иди (латински - „Idus Martii“ или „Idus Martiae“) е името на датумот 15 март од римскиот календар, најверојатно потенцирајќи го денот на полната месечина. Терминот „Иди“ се користел за петнаесеттиот ден од месеците март, мај, јули и октомври и за тринаесеттиот ден од останатите месеци.[1] Мартовските Иди биле ден на кој се одржувал фестивал посветен на богот Марс и обично биле одржувани воени паради. Во помодерните времиња, терминот „Мартовски Иди“ е најдобро познат како датум на кој е убиен Гај Јулиј Цезар во 44 г. п.н.е. Јулиј Цезар бил избоден (23 пати) до смрт од членови на Римскиот сенат предводени од Марк Јуниј Брут, Гај Касиј Лонгиниј и 60 други ко-заговорници.
На патот до Помпеовиот театар (каде што е извршен атентатот) Цезар бил заедно со претскажувач кој му рекол дека голема несреќа ќе му се случи најкасно до Мартовските Иди. Цезар на тоа се нашалил, „Па Мартовските Иди веќе дојдоа“, на што претскажувачот одговорил: „Да, тие дојдоа, но сè уште не заминаа“.[2] Овој состанок е популарно драматизиран во Шекспировата драма „Јулиј Цезар“ кога Цезар бил предупреден од претскажувач на иднината да „се пази од Мартовските Иди“.[3][4]
Наводи
уреди- ↑ Мерием-Вебстер речник, Иди
- ↑ Плутарх, Паралелни животи, Цезар 63
- ↑ „Вилијам Шекспир, Јулиј Цезар, чин 1, сцена 2“. „The Literature Network“. издавател „Jalic, Inc“. 2010. Посетено на 15 март 2010.
- ↑ „Вилјам Шекспир, Јулиј Цезар, чин 3, сцена 1“. „The Literature Network“. издавател „Jalic, Inc“. 2010. Посетено на 15 март 2010.
Надворешни врски
уреди- Плутарх, „Паралелните животи“, животот на Јулиј Цезар
- Николај од Дамаск, „Животот на Август“ (преведено од Клеитон М. Хол)